Интернет корисниците се повеќе заинтересирани за безбедноста

Објавено на 30.06.2020 07:30 во Рецензија


Интернет корисниците се повеќе заинтересирани за безбедноста

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Зголемена безбедност;
- Подобрена информираност и зголемена заштита на корисниците;

 

Negatives:



Целата рецензија

Приватноста се повеќе станува актуелна тема. 80% од корисниците се обиделе да ги отстранат податоците од интернет, а третина не знаеле како. Компанијата Kaspersky направила истражување "Defending digital privacy: taking personal protection to the next level", кое открива дека корисниците на интернет низ цел свет стануваат се повеќе свесни за важноста од заштита на личните податоци, но и спремни се да преземат се што треба за да се заштитат.

Така 82% од испитаниците изјавиле дека се обидуваат да ги отстранат личните податоци од интернет страниците или социјалните мрежи. Повеќе од една третина (37%) не знаат како да го направат тоа. Извештајот, што ги вклучува резултатите од најновото истражување спроведено во 23 земји, го донесува прегледот на моменталните навики и однесувања на корисниците поврзани со приватноста на интернет, како и чекорите што ги преземаат корисниците како лични податоци со цел да не стигнат во погрешни раце.

Корисниците покажале и дека не се загрижени само за своите лични податоци, туку и за оние на своите блиски. На пример, истражувањето покажува дека 24% од корисниците тврдат дека нивните лични податоци од членовите на семејството станале јавни без нивни одобрувања. Наведените околности ги поттикнуваат корисниците на донесување на свесни избори за тоа како и каде се меморираат нивните лични податоци со цел да спречат злоупотреба без нивно одобрување. Голем дел од корисниците применуваат дополнителни мерки за пребарување на интернет, со цел да ги сокријат личните податоци од кибернетските криминалци (43%), интернет страниците што ги посетуваат (41%) и други корисници што го користат истиот уред (37%).

Поединечни корисници немаат доверба за чувањето на нивните лични податоци на технолошките уреди. На пример, една петина од испитаниците (21%) изјавиле дека се загрижени за личните податоци што ги собираат апликациите на нивните мобилни уреди. Тие имаат чувство дека губат контрола над тоа каде нивните лични податоци се меморираат и се свесни за ризикот поврзан со споделувањето на личните податоци. Затоа е разбирливо што не сакаат трети страни да ги користат без нивно одобрување.

Постојат многу начини за да се контролира својот дигитален потпис. Еден од нив е да водите сметка со кого споделувате лични податоци и да разбирате како тие може да се користат. Било што поставено на интернет може да биде достапно до широк круг на луѓе во долг временски период, освен ако не преземете одредени активности со цел да се заштитите. 

Со цел да се заштитат корисниците подобро, потребно е да добијат насоки како да го изведат сето тоа.

- Прво направете список на своите онлајн профили со цел да имате целосен увид кои сервиси и интернет страници потенцијално ги меморираат вашите лични податоци.

- Почнете да го користите “Privacy Checker” кој помага во подесувањето на приватноста на вашите профили на социјалните мрежи. Третите страни ќе бидат потешки да пронајдат чувствителни лични податоци.

- Со цел да ги препознаете потенцијално опасните апликации и ризиците поврзани со различните видови на дозволи, може да инсталирате Kaspersky Security Cloud, кој содржи Do Not Track карактеристика што спречува вчитување на елементи за следење на вашите активности на интернет страниците и собира информации за вас.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.