Како да „замолчите“ некого на Instagram со Mute

Објавено на 30.06.2020 20:33 во Рецензија


Како да „замолчите“ некого на Instagram со Mute

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Одлична опција за игнорирање на корисникот без негово знаење;

 

Negatives:



Целата рецензија

Ако ви треба одмор од некој на Instagram, а не сакате да го блокирате или престанете да го следите, еве како да го „замолчите“. Опцијата Mute на Instagram меѓу корисниците можеби и не е толку популарна, но може да ве поштеди од здодевни и прекумерни објави со профилите што ги следите и без да се одлучите на крајниот чекор и да ја одберете опцијата за стопирање на следење на тие профили или пак да ги блокирате.

Instagram ја воведе опцијата Mute уште од мај 2018 година, и функционира слично како и кај другите социјални мрежи, односно не ви испраќа известувања за новите објави од одредени профили, од кои, едноставно ви треба одмор.

Најважната работа во тоа е што корисниците на профилот што ги замолчивте, нема да знаат дека вие сте го направиле тоа, а вие и понатаму ќе може да ги следите нивните објави со одењето на нивниот профил или ќе добиете известувања за објавата ако од тие профили ве означиле со хаштаг. „Замолчувањето“ може да го направите на feed и на stories:

- Отворете Instagram;
- Притиснете ја иконката за пребарување (search);
- Внесете го името на корисничката сметка што сакате да ја намалите и одберете го профилот после резултатите од пребарувањето;
- Сега кликнете на Following;
- Внатре во опциите одберете Mute;
- Потоа вклучете ја поставката за објави (Posts) на ON;

Замолчувањето на нечии објави на вашиот feed:

- Притиснете на опциите со три точки покрај објавата со дотичниот профил;
- Сега притиснете на опцијата Mute;
- Потоа притиснете ја опцијата Mute Posts;

Замолчување од Stories на Instagram:

Со замолчувањето на овие објави, ќе ги ставите на крајот на прегледите на Stories на Instagram, а кога корисникот става нови Stories, нема да ви излегуваат први туку секогаш ќе бидат на крај.

- Отворете Instagram;
- Пронајдете кориснички профил што го следите и чии приказни сакате да ги замолчите;
- Притиснете и држете ја иконката на тој кориснички профил;
- Сега притиснете ја опцијата Mute;
- Потоа притиснете ја опцијата Mute Story.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.