Дали е сериозно „раскинувањето“ на Sony и Microsoft со Facebook?

Објавено на 05.07.2020 16:01 во Рецензија


Дали е сериозно „раскинувањето“ на Sony и Microsoft со Facebook?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Предупредување кон Facebook да ги промени правилата за политичко и дезинформациско рекламирање

 

Negatives:

 

- Нецелосна посветеност на брендовите за решавање на проблемите



Целата рецензија

Sony и Microsoft се најновите технолошки брендови кои ќе ги прекинат сите маркетинг активности на социјалните мрежи кои ги поседува компанијата Facebook во сопственост на милијардерот Марк Цукерберг.

Главната причина за повлекувањето на овие моќни компании од платформата на Facebook е поради малите напори да се спречи ширењето на лажни вести, говор на омраза како и на платени политички реклами кои поттикнуваат насилство, поделби и недоверба, како и теории на заговор.

Сепак, овој „голем“ гест на Sony и Microsoft се чини дека повеќе е дело на внатрешна ПР стратегија за справување со глобалните трендови и притисокот од корисниците за важни политички прашања кои се актуелни, отколку како искрен потег кој треба да го заплаши Facebook.

Ниту Facebook се менува, ниту брендовите се закануваат

Многу симптоматично во потегот на Sony е што во самото соопштение за јавност во кое изразуваат загриженост за постапките на Facebook во дезинформационите кампањи е дека поставуваат точен датум до кога ќе трае нивниот бојкот на рекламирање на социјалните мрежи.
Sony иако сите причини кои ги наведе за повлекување од мрежите на Facebook се легитимни и коректни, сепак наведе дека прекинот на рекламирањето ќе трае до крајот на јули.

Практично Sony еден месец ќе заштеди пари на рекламирање и огласи на Facebook, а потоа како што се ближи пласманот на Sony PlayStation 5 повторно ќе продолжи да се рекламира и да ја претставува новата конзола како и новите видео игри. 

Microsoft засега нема официјално соопштение зошто ги прекинува рекламите на Facebook и до кога планира да не врши промотивни активности на нивните социјални мрежи. Експертите за комуникации сметаат дека овој потег на Microsoft е само обид компанијата да не биде на тапет на јавноста со видливи реклами на Facebook, а од друга страна не сака да излегува со јавни соопштение со цел да не ги наруши добрите и блиски односи со компаниите на Марк Цукерберг.

Microsoft исто така е значаен партнер на Facebook бидејќи кога се укина нивната платформа Mixer беше постигнат договор сите кориснички профили автоматски да се префрлат на платформата на Facebook Gaming. 

Во кампањата StopHateForProffit веќе се вклучија големи брендови како Coca Cola, Ford, Adidas и други кои бараат големи промени на правилата за рекламирање на Facebook и спречување на опасните дезинформации. 

Facebook засега воопшто не е загрижен што одредени брендови се повлекуваат од нивните мрежи вклучувајќи го и Instagram, а Цукерберг изјави дека по одредени време самите ќе се вратат со своите буџети за рекламирање и промоциии. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар