Ако Facebook е држава, тогаш би бил Северна Кореја

Објавено на 06.07.2020 10:28 во Рецензија


Ако Facebook е држава, тогаш би бил Северна Кореја

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Извршување притисок за зголемување на приватноста и безбедноста на корисниците;

 

Negatives:

- Марк Цукерберг има поголема моќ и од Ким Јонг-Ун;



Целата рецензија

Бројот на корисници на Facebook со текот на годините растел и така се појавуваа споредби со големите држави, а денес често можеме да прочитаме и дека Facebook има повеќе жители и од Кина. Социјалната мрежа на Марк Цукерберг има неверојатни 2,6 милијарди корисници низ цел свет и за многумина е најважна интернет дестинацијата на којашто следат вести, активностите на пријателите, објавуваат своја содржина, се поврзуваат во групи со луѓе со слични интереси и слично.

Со растот на бројот на корисници, заработката и влијанието што ги имаат мрежата, расте и бројот на критки, кои со текот на годините станаа се посериозни. Facebook се обвинува за нарушување на приватноста на корисниците и влијание врз претседателските избори, скандалот со Cambridge Analytica, улогата во текот на пандемијата и протестите „Black Lives Matter“ во САД. 

Факт е дека компанијата не можела да го стопира говорот на омраза, злоставувањето и слично. Во склоп на кампањата "Stop Hate for Profit" бројни големи компании привремено ги повлекоа рекламите од Facebook, надевајќи се дека падот на приходи на Цукерберг ќе го натера сериозно да почне да се занимава со негативната и опасна содржина на неговата мрежа. Така поради сето наведено, колумнистката Керол Кадваладр од The Guardian, наместо со Кина, Facebook го споредува со Северна Кореја. За Марк Цукерберг вели дека тој не е Ким Јонг-Ун, туку дека е многу помоќен.

Керол истакнува дека автократскиот и диктаторскиот модел со којшто се води компанијата, потсетува на начинот на кој Големиот лидер управува со Северна Кореја и дека станува збор за глобална империја под водство на еден човек. А тој човек, и покрај бројните докази, одлучил да ги игнорира критичарите низ цел свет и наместо да почне да размислува за радикални проблеми, ги уверува своите вработени дека рекламерите што го бојкотираат Facebook, брзо ќе се вратат во нормала.

Проблемот е се што луѓето гледаат, организациите и компаниите не сакаат да се врати се на старо и бојкотот и рекламирањето и дека Цукерберг мора нешто да промени - брзо и радикално. Кадваладр потсетува дека досега ниту една агенција, регулаторно или државно тело, не успеало да ги реши проблемите со Facebook и дури кога FTC им одреди тешка казна поради Cambridge Analytica, акциите на компанијата поради тоа брзо почнале со растот. 

После Cambridge Analytica, Facebook сепак воведе големи промени поврзани со зголемувањето на приватноста и подобро управување со содржините на својата мрежа. Ќе биде допрва интересно дали „Големиот лидер на Face“ сепак ќе вложи дополнителни напори за да воведе ред во својата мрежа и да се обиде да ги реши проблемите со несоодветна содржина како што е говорот на омраза, расизам, злоставување и слично.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.