Со оваа функција Microsoft Edge може да го надмине Chrome?

Објавено на 19.07.2020 19:45 во Рецензија


Со оваа функција Microsoft Edge може да го надмине Chrome?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Експерименталн функција која е дел од Microsoft Edge

 

Negatives:

 

- Форсираниот Dark Mode повеќе го нема на Google Chrome



Целата рецензија

Google преку експерименталната верзија на интернет прелистувачот Chrome има можност да тестира голем број на нови функции, дел од нив многу атрактивни кои корисниците со нетрпение ги чекаат да бидат дел од официјалната верзија, но некои од нив се укинуваат и никогаш не го здогледуваат светлото на денот.

Една од нив е форсираната употреба на Dark Mode и за веб сајтови кои не поддржуваат ваков вид на приказ на црно-бели бои на содржните. Наметнатиот Dark Mode сепак, може да го употребите, но верувале или не, со помалку етаблираниот интернет прелистувач Microsoft Edge, а не со Chrome.

Како да го активирате форсираниот Dark Mode?

Сите корисници на Windows 10 оперативен систем ја имаат прединсталирано апликацијата за веб интернет прелистувачот Microsoft Edge иако многумина од нив како стандарднен прелистувач го користат Chrome. Бидејќи апликацијата веќе е во вашиот PC, се што треба да направите за употреба на наметнат или форсиран Dark Mode е во лентата за интернет адреса на Microsoft Edge да го напишете следниот код edge://flags/#enable-force-dark.

Откако ќе го внесете кодот, треба да го рестартирате прелистувачот Microsoft Edge. Потоа секоја веб страница, без оглед дали има ли не поддршка, сите содржини ќе ги прикажува врз принципите на Dark Mode, со затемната позадина, попрегледен текст за читање и помалку деталност.

Dark Mode е добар за тие кои најчесто сурфаат навечер, со што се ограничува осветлувањето и помалку се заморуваат очите. Самиот Windows 10 нуди и опција за Night Mode, односно екранот ја намалува осветленоста, се активираат потопли нијанси на бело и жолто, а се намалуваат студените нијанси на сина боја. Токму „синилото“ има поголемо зрачење, го изморува окото и може да ви го наруши сонот и спиењето.

Комбинацијата со Dark Mode овозможува помалку трошење на батеријата бидејќи не се активни сите пиксели на екранот, како и подобра прегледност на содржните. Секако, ова е доста субјективно, бидејќи не сите уживаат во црно-бел преглед на интернет содржини.

Исто така треба да се земе во предвид дека со форсиран или наметнат Dark Mode во интернет прелистувачот Microsoft Edge не сите веб сајтови магично се прилагодени, па така има осцилации во квалитетот на променетите содржини, што за некои корисници може да биде непотребно и би се вратиле на вообичаената употреба без темен режим на работа.

Финални забелешки

Ова е само една алатка за форсирање на Dark Mode на интернет прелистувачот, а на располагање имате и друг вид на надворешни екстензии и алатки, од кои дел се бесплатни, а дел се наплаќаат.

Дали веќе го активиравте Dark Mode на Microsoft Edge и какви се вашите впечатоци?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар