КОВИД-19 кризата ја живна PC индустријата

Објавено на 23.07.2020 19:54 во Рецензија


КОВИД-19 кризата ја живна PC индустријата

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Голем раст на потрошувачката на компјутери и PC опрема

 

Negatives:

 

- Неизвесност околу начинот на продолжување на учебната година



Целата рецензија

Иако дел од бизнисите ги вратија вработените на работните места и во канцелариите, дел од индустриите, пред се од ИКТ и натаму сметаат дека е полезно да се работи од дома или од далечина. Исто така под голем знак прашалник е дали учебната 2020/2021 воопшто ќе започне во традиционалната форма и дали ќе се продолжи со трендот наставата да се одржува онлајн.

Токму поради овие трендови компјутерскиот гигант AMD смета дека PC индустријата ќе има значителен раст годинава и зголемен промет. Тоа предвидување се базира и на најновото истражување кое го спроведе National Retail Federation.


Колку ќе се потроши на компјутерска опрема?

Според NRF оваа година само во САД домаќинствата ќе потрошат околу 11,8 милијарди долари за компјутери и компјутерска опрема. Овие средства ќе бидат потрошени пред се од родителите кои имаат деца во основно и средно училиште.

Ваквите показатели се добар знак насекаде во светот за синџирите за продажба на електроника кои ќе ги зголемат сега своите количини на десктоп компјутери, лаптопи и придружна и помошна компјутерска опрема.



Според анализата на NRF едно американско семејство планира да потроши во просек по 270 долари во претстојниот период за покривање на потребите за нивните деца.

Тоа значи дека и натаму изборот на PC за едукација па макар таа се одвивала и во домашни услови е доста поповолен отколку да се вложува во модерните уреди како смартфони и таблети кои со мобилните апликации имаат дури и многу полесни услови за споделување на фајлови, податоци и брза и ефикасна работа.

Со бранот на купување на компјутерска опрема ќе бидат опфатени и тие што академската година наместо во колеџите или факултетите во САД ќе ја продолжат од домашни услови. Според NRF оваа категорија на потрошувачи има помала куповна моќ па така за компјутерска опрема според анкетата е подготвена да издвои околу 260 долари.

Интересно е што овие суми и за домаќинства и за студенти се многу повисоки од планираните суми за PC во 2019 и 2018 година.

Секако, со поголемиот дел од денот поминат дома кориснивио нема само да учат и да работат, па ќе им треба и соодветен уред за забава и гејминг. Тоа е предвидено и во студијата на NRF, па така трговците со гејминг опрема треба да очекуваат зголемена потрошувачка.

Финални забелешки

Овие податоци секако се однесуваат на американскиот пазар, но трендовите на потрошувачка се сосема прилагодливи и за македонски услови. Особено што се ближи 1 септември, се уште се возможни многу промени во плановите за отворање на училиштата и факултетите, па така родителите и студентите добро е навреме да се подготват за школската и академската година.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар