Вештачката интелигенција мора итно да се стави на диета!

Објавено на 26.07.2020 15:06 во Рецензија


Вештачката интелигенција мора итно да се стави на диета!

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Намалување на ризикот за животот на човекот;
- Подобрени решенија во здравството и опасните професии со поголема прецизност;

 

Negatives:

- Намалување на работните места за луѓето;



Целата рецензија

Технологијата со вештачка интелигенција е се уште во почетна фаза, но со текот на времето би можела да стане најмоќната технологија во светот и историјата. Има потенцијал да го подобри нашето здравје, има супер-интелигенција, и може да ја мултиплицира продуктивноста, како и да ја спаси околината и да ја подобри демократијата и слободата.

Сето тоа е убаво замислено, но дали во пракса ќе функционира така како што е теоретски определено? Како што вештачката интелигенција се развива, така опасноста од нејзината употреба на неодговорен начин со себе има потенцијал да таа стане општествена и културолошка хидрогенска бомба. Таа технологија може да ја одземе нашата слобода и да ја зајакне автократијата и геноцидот, да го програмира нашето однесување, да не претвори во човечки машини и да не претвори во свои робови, предупредуваат Вилијам Девидоу и Мајкл С. Малоун преку стручното списание Scientific American.

Мора да бидеме внимателни и не смееме да направиме грешка со вештачката интелигенција. Експертите велат дека треба да ја ставиме вештачката интелигенција на екстремна диета.

Шокантно брз развој

За одредени заканувачки атрибути вештачката интелигенција веќе ја знаеме. Досега напредокот на таа технологија беше шокантно брз, а во иднина ќе биде исто така. Шокантна била и неодамнешната објава на Microsoft дека вештачката интелигенција подобро ги интерпретира ренгенските анализи од радиолог.

Тоа не смееше да се случи, затоа што роботите беа замислени да ги заменат работниците за физичка работа, а не професионална интелектуална работа. Тука некаде сме, на границата на која вештачката интелигенција проголтува цели професии, а тие професии на луѓето нема повеќе да им се вратат.

Што е загрижувачки денес?

Мотивите за профит и волјата за стекнување моќ и контрола веќе достигнаа брз раст со антисоцијалните апликации, истакнуваат Давидоу и Малоун. Технологијата за препознавање на лице и другите AI техники се доказ за тоа што Кина така ги оценува своите граѓани и ги контролира. Тоа се нарекува Social Credit System.

Во слободниот свет на Западот најголема грижа е тоа индустријата да не почне да ја користи вештачката интелигенцијаза искористување на луѓето и да не почнат посебните општествени групи да градат и да манипулираат со сродните групи, со цел да го поларизираат општеството, како на пример во текот на предизборните кампањи. 

Системот за надзор во иднина само ќе расте, па така AI технологијата ќе ја користат владите за влијание врз изборите. Поради сите овие нешта, време е вештачката интелигенција да ги запознае предностите од квалитетната диета.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.