Samsung Galaxy A21s е без слабости со огромна батерија, ниска цена и одлична камера

Објавено на 27.07.2020 20:20 во Рецензија


Samsung Galaxy A21s е без слабости со огромна батерија, ниска цена и одлична камера

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.9


Цена
9.9


Камера
9.9


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

- Glasstic дизајн што дава премиум изглед;
- Сензор за отпечаток на прст под задната камера;
- Огромен екран што зазема 82% од предната страна;
- Ниска цена;
- Добар за игри;
- Батерија како моќен адут;
- Неприкосновена задна камера;

 

Negatives:

- Нема Super AMOLED екран;
- Нема Full HD резолуција;



Целата рецензија

Samsung за време на коронакризата не изненади со својата A-серија на смартфони. Не само што некои од уредите од новата A-серија ја заменија успешно досегашната Ј-серија, туку и почна да ги брише границите меѓу ранговите на смартфоните. 

Samsung Galaxy A21s е достапен од овој месец на пазарот, со кој Samsung дефинитивно го подобрува минатогодишниот A20s модел, со додавање на некои нови и модерни одбележја. 

Дизајн и дисплеј

Samsung Galaxy A21s е дизајниран со дупка на дисплејот за селфи камерата, со убав изглед и кватро задна камера. Неговата цена дефинитивно ќе ве зачуди кога ќе го видите изгледот на телефонот и кога ќе ги прочитате перформансите. Јужнокорејскиот бренд успешно го спроведува ”glasstic” дизајнот, легура со стакло и пластика, со што резултира неодолива фина линија и блескав дизајн.

Овој материјал е поиздржлив и од обичниот поликарбонат, и дава премиум изглед на телефонот. 82% од предната страна на уредот зазема екранот од 6.5 инчи. Сензорот за отпечатоци на прсти не е сместен под екранот, туку под модулот на камерата од задната страна. Ова е дефинитивно добро решение.

Од долната страна е сместен и USB-C влезот за полнење на батеријата и до него е 3.5-милиметарскиот џек за слушалки. Samsung Galaxy A21s нема Super AMOLED екран, што е позитивна работа за цената, а нема ниту Full HD резолуција, туку HD+ резолуција со 1600 x 720 пиксели, 277ppi густина на пиксели и PLS TFT екран. 

Хардвер

Перформансите се она со што ќе бидете задоволни, со оглед на тоа што Samsung го вградил Exynos 980 процесорот под хауба, со работен такт од 2.0 GHz, што е многу добро решение за смартфон од ваков ранг. 3GB работна меморија е одлична работа за ваков смартфон, кој доаѓа со 32GB ROM меморија, а на пазарот го има и во верзија со 4/6GB RAM и 64GB ROM. Телефонот е добар за играње на Call of Duty Mobile.

Батерија

Samsung Galaxy A21s доаѓа со голема батерија, се работи за ќелија од 5.000 mAh, со поддршка за брзо полнење до 15W и брз полнач во пакетот. Батеријата има огромен капацитет, затоа нема да имате долг период проблем со батеријата.

Со сетирање на екранот на максимум, поставување на уредот на Авионски режим на работа и вклучување на видеото што се повторува, батеријата издржала импресивни 22 часа и 50 минути. Батеријата е еден од најмоќните адути на овој смартфон, што дефинитивно се зема во предвид при купувањето.

Камера

Samsung вградил пет камери во овој смартфон: 4 од задната страна и 1 селфи камера. Главниот сензор изнесува 48MP, додека селфи сензорот на камерата е 13MP. Освен малиот отвор кај блендата, сите четири камери се со многу добар квалитет, главниот сензор стандардно фотографира со резолуција од 12MP, додека можноста за слика од 48MP може да ја активирате со Pro режимот на фотографирање.

За која резолуција и да се одлучите, буквално секоја ќе ви овозможи убави фотографии, полни со детали. Live Focus функционира одлично, со тоа што може да ја прилагодувате позадината со замаглувањето откако ќе ја притиснете типката за сликање, а тоа ви овозможува дополнителни можности кај фотографирањето.

Макро камерата функционира многу добро, но за да ги искористите на најдобар начин сите предности, погрижете се камерата да биде оддалечена до 5см од предметот што сакате да го фотографирате со макро камерата.

Заклучок

Велиме дека Samsung Galaxy A21s е смартфон со одредени слабости, кои се совршено вклопени со цената, која овде е навистина неприкосновена. Моделот е навистина одличен спој од перформанси, најнов софтвер, квалитетна камера со Live Focus, огромна батерија, супер дизајн, брз за игри. Дигаме два прста за A21s, кој веќе го има секаде во салоните. Што велите вие?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.