Како Google и помага на полицијата со локациските податоци

Објавено на 29.07.2020 20:40 во Рецензија


Како Google и помага на полицијата со локациските податоци

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Полесен начин за фаќање на деликвентите од страна на полицијата преку Google Locations; 

 

Negatives:



Целата рецензија

Закари МекКој е млад човек од Флорида, по кого полицијата трага без причина. Тој ја опишува ситуацијата како „сценарио од ноќен кошмар“, затоа што дознал дека го бара полицијата, иако никогаш не направил ништо противзаконски. Тоа не го дознал од полицијата, туку од Google, кој му испратил порака дека полицијата бара информации поврзани со неговиот кориснички профил, но не ја кажале причината.

Во мејлот што го добил од правниот тим на Google, бил напишан бројот на случајот поради кој се бара МекКој, а со пребарувањето на интернет страницата на локалната полиција, открил дека станува збор за случај со грабеж на станот на старица, која живее во негова близина. МекКој се исплашил оти не знаел како тој се вклопува во таа приказна и не сакал да отиде во полициската станица да провери дали тој е навистина потенцијалниот виновник, оти се плашел да не биде уапсен. Така најмил адвокат што ќе му помогне да ја расветли ситуацијата и ќе му помогне во одбраната пред законот, што, сепак не го прекршил.

Прекршување на правата и приватноста

Адвокатот ги контактирал Google и полицијата и така дознал зошто МекКој им е интересен, поради податоците што ги имал Google за него. Полицијата во САД користи посебна алатка за надзор, што ги собира локациските податоци од Google од мобилните мрежи, со конекција преку Bluetooth и Wi-Fi. Во случај на казнени дела како што е наведената кражба, тие податоци се анализираат и од Google се бараат информации за профилите што би можеле да бидат сомнителни. Google тогаш ги контактира тие корисници и им дава 7 дена да реагираат и да забранат споделување на податоци со полицијата, или ако не реагираат или даваат дозвола, Google ќе ги достави бараните информации до полицијата.

МекКој станал сомнителен оти на денот на грабежот три пати во рок од еден час со велосипедот поминал покрај куќата во која е украден накитот. На својот Android користи RunKeeper, со кој ги одбележува рутите што секојдневно ги вози, а неговата локација ја следи и Google.

„Ја користев апликацијата за да следам колку милји возам велосипед и сега сум ставен на местото на злосторот. И во најмала рака сум сомнителен“, вели МекКој.

Полицијата го прашала адвокатот дали го знае името на личноста што го возела велосипедот околу куќата на ограбената старица, затоа што имале само анонимни податоци, поради што и се обратиле до Google и од нив побарале информации за профилот. На крај случајот е решен позитивно за МекКој. Неговиот адвокат ги покажал податоците на полицијата од RunKeeper на кои се гледа дека возењето околу таа куќа е дел од неговата секојдневна рута, додека МекКој за медиумите изјавил дека дури сега сфаќа колкава е важноста и опасноста од податоците што се собираат за корисниците, особено локациските податоци.

Може да бидете на погрешното место во погрешното време и благодарение на податоците од Google, ќе може да станете осомничени за злочинот што не сте го направиле. Додека полицијата ја фали таа алатка што им помогнала да реши повеќе злочини и да фати бројни криминалци, многумина сметаат дека со тоа се прекршуваат уставните права на граѓаните и навлегуваат во нивната приватност.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.