Зависноста од смартфони го пржи мозокот како вистинска дрога

Објавено на 31.07.2020 07:30 во Рецензија


Зависноста од смартфони го пржи мозокот како вистинска дрога

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:

- Зависноста од смартфони ја менува структурата на мозокот на ист начин како што ја менува и дрогата;



Целата рецензија

Во истражувањето што учествувале 48 испитаници, 22 од нив биле во категоријата зависници од употреба на смартфони. Повеќето од нас денес имаат смартфони што ни овозможуваат многу повеќе од телефонирање. Со помош на нив можеме да сурфаме на интернет, играме игри, снимаме фотографии и видеа со висок квалитет и резолуција.

Токму поради тоа не треба да ве изненадува тоа што луѓето со своите телефони навистина поминуваат многу време, а некои и повеќе од другите. Изгледа дека сепак би требало да го намалиме доживувањето.

Неодамнешно истражување покажало дека со магнетна резонанца е откриено дека на испитаниците на кои им е дијагностицирана зависноста од смартфони, имале физички изменета структура на мозокот, што е слично како кај зависниците од дрога.

„Имајќи ја во предвид нивната распространетост од нивната употреба и постојаниот раст на популарноста, ова истражување ја доведува во прашање безопасноста од користењето на смартфоните, барем кога станува збор за оние кај кои постои ризиок од развој на зависни начини на однесување, кои се во врска со смартфон“, се наведува во истражувањето од Универзитетот во Хајделберг.

Зависноста од смартфоните не е новост, ниту нешто за што веќе не сме слушнале, но ваквите резултати претставуваат нешто што би требало да не загрижи, констатира Ubergizmo.

Токму поради тоа Apple и Google во своите оперативни системи воведоа нови функции со цел да им помогнат на корисниците да трошат помалку време на своите телефони.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.