Samsung го претстави „новото нормално“ со Galaxy Note 20 и Z Fold 2

Објавено на 06.08.2020 11:36 во Рецензија


Samsung го претстави „новото нормално“ со Galaxy Note 20 и Z Fold 2

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Подобрен S Pen;
- Подобрен звук со Buds Live слушалките;
- Модифициран дизајн на преклопниот Galaxy Z Fold 2 по барање на корисниците;
- Вратен е кружниот дизајн на смартчасовникот;
- Таблет со моќност на персонален компјутер;
- Неверојатно брз екран на Note 20 серијата;
- Note 20 е најбрз досега;

 

Negatives:



Целата рецензија

Samsung и оваа година го одржа својот Galaxy Unpacked настан, во виртуелна форма. Во текот на преносот се претставени повеќе уреди, осмислени да го олеснат животот на корисниците и работата во „новото нормално“.

Станува збор за новите модели на Galaxy Note 20 и Galaxy Note 20 Ultra, таблетите Galaxy Tab S7 и S7+, смартчасовникот Galaxy Watch 3, безжичните слушалки Galaxy Buds Live и флексибилниот преклопен смартфон Galaxy Z Fold 2.

„Технологијата денес е темел на животот. Преку неа остануваме поврзани додека се соочуваме со секојдневните животни предизвици. Токму затоа, таа мора да го направи нашиот живот да биде полесен, а не покомплексен. Затоа ги осмисливме овие пет уреди, кои на секој корисник ќе му овозможат најдобри услови за работа, продуктивност и забава“, изјави претседателот и лидер на Одделот за деловни мобилни комуникации, ТМ Роу, Samsung Electronics.

Galaxy Note 20 и Galaxy Note 20 Ultra

Galaxy Note 20 уредите се најблизу до она што Samsung го претстави меѓу уредите што функционираат како компјутер, но во мало пакување. Galaxy Note 20 Ultra нуди максимални перформанси и можности за продуктивност. Од друга страна Galaxy Note 20 е наменет за корисниците што сакаат да го искористат своето време за работа и забава. Двата уреда делуваат брзо и ефикасно.

Со Galaxy Note 20 серијата доаѓа и новото S Pen пенкало и апликацијата Samsung Notes за уште подобро корисничко искуство, а функционираат и со Galaxy Tab S7 и S7+ таблетите. Новиот S Pen е попрецизен во споредба со претходните верзии и ги поддржува новите гестови со кои може да се управува преку уред без допир, а со спецификацијата Anywhere е доволно само едно движење со раката за враќање на почетната страница или креирање на слика од екранот.

Со новите спецификации Samsung Notes станува главна апликација за работа. Автоматски се претвара во неуреден ракопис и читлив дигитален текст, а содржи и нови опции за уредување, спремање и означување на PDF или Powerpoint презентација. Можно е да се снима звук, каде корисникот може да репродуцира снимка само со допир на бараниот збор во Notes.

Соработката со Microsoft е проширена на Microsoft Your Phone компјутерската апликација со подобрена Link to Windows опција, со која корисниците сега може лесно да пристапат кон мобилните апликации од својот персонален Windows 10 компјутер. Корисникот сега може едноставно да испраќа пораки, да отвара известувања, да синхронизира фотографии и да извршува повици од компјутерот.

Партнерството на Microsoft и Samsung резултираше со бројни опции за забава. Така корисниците на своите Note 20 уреди може да играат видео игри, или дури и да ги префрлат на големиот екран. Од септември за корисниците на Note 20 ќе станат достапни над 1000 Xbox видео игри преку Xbox Game Pass Ultimate, меѓу кои ќе бидат Minecraft Dungeons и Gears 5. Како што истакнуваат од Samsung, за удобното гејминг искуство се грижи самиот AI game booster и Bluetooth звучната оптимизација, како и фреквенцијата за освежување со неверојатна брзина од 240hz на Galaxy Note20 Ultra. За крај, големиот и шарен екран и најбрзиот Galaxy процесор досега го создадоа правиот сет за професионален гејминг што го собира во џебот на корисникот.

Samsung Dex обезбедува безжично поврзување со смартфон и SmartTV, така што имате и мултитаскинг на располагање без дополнителни жици. Note серијата секогаш ги претставува најдобрите Samsung уреди, а така е и со Note 20 уредите што пристигнуваат со новиот 7мм 64-битен 8-јадрен процесор. Ultra има и 6,9-инчен Quad HD+ динамичен AMOLED 2x Infinity-O екран, додека Note 20 е нешто помал со екран од 6,7-инчи FHD+ Super AMOLED Plus Infinity-O.

Galaxy Note 20 серијата има 5G поддршка и WiFi 6 стандарди, а корисниците ќе може да ја испробаат и најновата UWB можност достапна за прв пат кај Galaxy Note 20 Ultra уредот, каде Nearby Share опцијата автоматски креира список на корисници што се наоѓаат во близина на врвот на плочата за споделување. Идната функционалност на UWB ќе им помогне на корисниците и во прецизното пронаоѓање на нештата со помош на AR технологијата.

Предната камера изнесува 10MP, додека на задната страна се наоѓа 12MP ултра-широката камера, 108MP широкоаголната камера, 12MP телефото камерата и ласерскиот AF zoom кај Galaxy Note 20 Ultra, односно 12MP ултрашироката и 12MP широкоаголна леќа, со 64MP телефото камера кај Galaxy Note 20. 

Ultra доаѓа во две верзии со 5G технологија - 12GB RAM+256GB ROM, т.е. 512GB ROM со LTE и 8GB RAM+256 ROM меморија, или 512GB ROM. Note 20 исто така го има и 5G и LTE верзија, со 8GB RAM+256GB ROM меморија. Ultra доаѓа со батерија од 4500mAh, а Note 20 има нешто послаба батерија од 4300mAh, но двата уреда поддржуваат брзо полнење. 

Тоа не е се...

Samsung ги претстави Galaxy Tab S7 и Tab S7+, Galaxy Watch 3 и Galaxy Buds Live. Таблетите Galaxy Tab S7 и Tab S7+ ја комбинираат моќта на компјутерот, флексибилноста на таблетот и поврзувањето со смартфонот. Со најновиот процесор и 5G мрежата, Tab S7 и Tab S7+ овозможуваат видео повици со врвен квалитет, големи брзини за преземање и стриминг без доцнење. 

Моќниот процесор и подобрената тастатура, како и подобрениот S Pen стилус овозможува голема продуктивност кај Super AMOLED екранот од 12.4 инчи. Меѓусебното споделување на податоци на Tab S7 и S7+ таблетите со други уреди сега е уште полесно со Nearby Share. Екранот на таблетот може да се прошири и со Samsung PC преку Second Screen можностите што го дуплицираат или го прошируваат екранот, но и со алатките како Samsung Notes, S Pen стилусот, Book Cover тастатурата и Bluetooth глувчето.

Galaxy Watch 3 е нова верзија на смартчасовник за одржување на рутина, лична кондиција и здравјето. Samsung така ги врати популарните ротирачки рамки, но го задржа и луксузниот изглед што потсетува на вистински часовници. Со Galaxy Watch 3, Samsung го става акцентот на здравјето на корисникот, па така сега со Blood oxygen (SpO2) може да ја проверите сопствената заситеност со кислород за време на тренинг.

Во случај на тежок физички пад, Galaxy Watch 3 ќе го детектира и ќе испрати SOS известување до одбрани контакти, со цел веднаш да се обезбеди помош. Со алатките за анализа на трчањето, корисникот добива моментални информации за време на џогирањето, како и пропратните извештаи што ќе помогнат во подобрувањето на кондицијата и намалувањето на потенцијалните повреди, додека потрошувачката на кислород со мерка VO2 го анализира трошењето на кислород.

Galaxy Buds Live сега имаат нов дизајн што треба да обезбеди поголема удобност и полесно користење. Комбинирајќи ја стручноста на AKG во создавањето на врвен звук со помош на поголеми звучници од 12mm наспроти Galaxy Buds+ и појачувањето на басот, додаѓа со дури три микрофони и Voice Pickup спецификација. Слушалките се исто така опремени и со Active Noise Cancellation опција за отстранување на позадински бучави.

Galaxy Watch 3 и Buds Live може безжично да се полнат директно на смартфон и така да избегнат дополнителни жици.

Преклопни модификации

Шлаг на тортата на крај беше новиот Galaxy Z Fold 2. Samsung сега го модифицираше дизајнот и воведе иновации какви што корисниците бараа, после два преклопни модела на смартфони. Galaxy Z Fold 2 пристигнува со два Infinity-O дисплеја, надворешен од 6.2-инча и голем внатрешен екран од 7.6 инчи.

Мора да се истакне и дека партнерството со Google и Microsoft овде е највидливо оти благодарение на нив, Fold 2 има некои нови опции што најмногу ги ценат деловните корисници.

Како што истакнуваат од Samsung, зајакната е целата структура со цел телефонот да издржи секојдневни предизвици. Најнапредниот флексибилен екран користи UTG стакло што е потенко од човечкото влакно со новодизајнирани шарки што сега во себе содржат минијатуршни четкици што ја отстрануваат прашината со цел да се избегне дополнитело оштетување. Батеријата има капацитет од 4500mAh, а повеќе информации ќе имаме на почетокот на септември. 

Samsung Galaxy Note 20 серијата и Tab S7 серијата ќе бидат достапни на одбрани пазари од 21 август, 2020. Тогаш ќе ги знаеме и точните цени за нашиот пазар.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.