Готово е со деновите во кои Кина беше „светска фабрика“

Објавено на 19.08.2020 10:40 во Рецензија


Готово е со деновите во кои Кина беше „светска фабрика“

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Намалување на увозот со зголемувањето на производството во матичните земји;

 

Negatives:

- Негативно влијание врз зголемување на цените;



Целата рецензија

Конечно после избивањето на пандемијата цел свет за одредено време застана, вклучувајќи и бројни нарачки од Кина. Дел од аналитичарите заклучија дека во иднина дел од земјите ќе мора да размислат за сопствено производство во одредени индустрии, со цел да не мора да зависат толку од увоз.

Промените во дистрибуција и локација на производството се нужни, а доказ за тоа е конфликтот на САД со Кина, кој Доналд Трамп го создаде наметнувајќи нови царини за робата од Далечниот исток.

Сето тоа укажува дека деновите на Кина како светска фабрика се завршени, вели претседателот на Foxconn, Јанг Ли. Од нивните производни ленти излегуваат производи на светските технолошки компании, од Apple iPhone, до играчки конзоли и компјутери. Повеќето производи се произведуваат во 12 фабрики сместени во кинески градови, но компаниите се обидуваат да преселат дел од производството и надвор од Кина. Минатата година четвртина од производството се извршуваше токму во фабриките надвор од Кина, додека оваа година тој удел порасна на 30%.

Foxconn планира да продолжи со ширењето на меѓународните пазари во Индија, Виетнам, Мексико, Бразил, па дури и САД. Во иднина можеме дури и да очекуваме дека Foxconn ќе има два различни производствени синџири - еден за кинескиот пазар, а другиот за САД.

За некои одлуки во иднина на бизнисот би можеле да имаат улога и американските претседателски избори, оти ако Трамп победи повторно, може да се очекува понатамошен притисок, што би можело да го забрза процесот на селење на производите од Foxconn во други земји.

Како и кај повеќето компании низ светот, пандемијата влијаеше врз големиот пад на приходите на Foxconn во првиот квартал оваа година, но во последниот квартал ситуацијата се подобри. Објавените резултати се подобри од очекувањата на аналитичарите и на крилата на одличната продажба на производите на Apple, како и на зголемената побарувачка за хардвер, од милиони луѓе што имаа потреба од нови компјутери и опрема за работа од дома, компанијата оствари неочекувано висок профит.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.