Нова опција од Google: Телефоните со Android со рани предупредувања за потреси

Објавено на 22.08.2020 17:51 во Рецензија


Нова опција од Google: Телефоните со Android со рани предупредувања за потреси

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Известување пред настапување на земјотреси, со цел навремено спасување на животи;

 

Negatives:



Целата рецензија

Никој не размислуваше за ова се до кобното утро на 22 март оваа година, кога среде пандемија, загрепчани беа разбудени од силе земјотрес, кого изгледа не го очекувале во таков облик на опасност. Поради тоа најзагрозените луѓе најчесто ја користеле апликацијата EMSC, преку која ги следеле земјотресите што во Загреб ги имало многу во последната половина година.

Во иднина известувањата за земјотресите ќе може да ги добивате преку вашиот смартфон доколку го покренува неговиот стар Android оперативен систем, а таа опција што вчера ја претстави Google прво ќе стане достапна во Калифорнија. Google со овој новитет ги претвара сите андроиди во сеизмометри, креирајќи ја најголемата мрежа за детекција на земјотреси, велат од компанијата.

При детекција и рано предупредување за земјотреси, телефоните ќе ги користат акцелерометрите, кои се доволно моќни за препознавање на почетните потреси, односно П-бранови од потреси. Кога телефонот ќе ги забележи тие бранови, информацијата се испраќа во централниот сервер, кој врз база на останатите податоци од уредите од тоа подрачје, ќе проценат дали навистина имало земјотреси. На почетокот Google ги прикажува тие информации за време на пребарувањето на поими за земјотреси, но во иднина врз база на детекцијата преку телефон ќе испраќаат предупредувања за лицата што се наоѓаат во областа на земјотресите.

Предупредувањата за земјотресите што лицата би ги добиле преку мобилен телефон, би можело да им даде неколку секунди време да се сокријат во засолниште пред главниот удар. Така со новата опција на Google навистина би можеле да се спасуваат животи. Моментално не е познато кога таа опција ќе биде достапна и на другите пазари. Освен детекцијата на потреси Google претстави уште неколку новитето на Android, како што е надградба на апликацијата Android Auto и Lookout опициите за следење на квалитетот на спиењето.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.