Fitbit претстави смартчасовник подобар од Apple Watch

Објавено на 31.08.2020 14:30 во Рецензија


Fitbit претстави смартчасовник подобар од Apple Watch

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Мери електродермална активност;
- Можност за комуникација со Google Assistant;

 

Negatives:



Целата рецензија

Fitbit претстави два смартчасовника и фитнес нараквица, со што го претекна главниот конкурент Apple, кој сите носечки уреди ќе ги претстави наскоро на почетокот на септември. Производителот тврди дека има нешто што тој го има кај своите уреди, а Apple нема.

 

Fitbit Sense е најскапиот часовник што Fitbit досега го лансирал, а со тоа што го покажува времето и се поврзува со смарт телефонот, 329 долари вредниот часовник ја мери електродермалната активност, односно колку добро може нашата кожа да спроведе електрицитет и така да детектира кога сме под стрес. Се уште чекаат одобрување од регулаторите што оваа опција ја споменуваат во медицински контекст, мерењето на количество на стрес би требало да им помогне на корисниците да земат пауза кога часовникот ќе ги предупреди и така ќе ги поттикнува на здрави животни навики.

Fitbit го претстави и смартчасовникот Versa 3 од 229 долари, со GPS сензор и функција за воспоставување на телефонски повик. Претставена е и фитнес нараквицата Inspire 2 која со освежен изглед чини 100 долари. Ова се трите последни уреди што ќе бидат достапни од крајот на септември и веројатно ќе бидат последни Fitbit ќе ги претстави како самостојна компанија.

Да се потсетиме дека пред една година Google понуди 2,1 милијарда долари за да го купи Fitbit, но сето тоа беше стопирано оти регулаторите утврдиле дека Google така ќе добие увид во голема количина на податоци за корисничките навики. 

Google и Fitbit во меѓувреме склучија договор, така што сегашните смартчасовници на Fitbit ќе добијат можност за комуникација со Google Assistant.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.