Видео: Повеќе од спецификација - Huawei Matebook 13

Објавено на 04.09.2020 11:04 во Рецензија


Видео: Повеќе од спецификација - Huawei Matebook 13

Оцени

usability
9.0


Перформанси
9.0


Цена
9.0


Камера
10.0


резултат
9.2


Наши забелешки

Positives:

 

- Многу лесен и компактен

- Врвни перформанси

- Модерен дизајн

- Целосно функционален Windows 10

 

Negatives:



Целата рецензија

Huawei храбро заплови и во нова категорија на производи каде сака да се наметне со серијата на Matebook лаптопи. Почетниот или основниот модел доаѓа со дисплеј од 13 инчи, супер квалитетна градба на телото од алуминиумска прекривка и дебелина профилот од само 15 милиметри.

Huawei Matebook 13 е првиот лаптоп од серијата на Huawei кој тимот на telefoni.mk досега имал можност да го тестира, и нашите првичните впечатоци се навистина позитивни.

Како мал, компактен и лесен лаптоп Huawei Matebook 13 практично секаде ќе може да го носите со вас, особено ако имате некоја задача надвор од канцеларијата.

Без оглед дали ќе го користите за работа или пак за забава, Huawei Matebook 13 може да ви обезбеди одлични перформанси. 

Во копчето за вклучување има вграден скенер за отпечатоци. Откако ќе се регистрирате може да го отклучувате лаптопот со прст, а исто така и да се осигурате дека друг нема да може да го активира наместо вас.

Тастатурата дава одличен фидбек додека куцате. Иако е распоредена на мал простор ги има сите потребни функции.

IPS eкранот на Huawei Matebook 13 има силен и впечатлив израз на боите со резолуција од 2160 x 1440 пиксели. Звукот е доста квалитетен, јасен и прецизен.

Ваков вид на лаптоп е идеален за работа надвор од дома или канцеларија. Тежи само 1,3 килограми, лесно може секаде да го носите со вас, да работите со документи и да праќате мејлови. 

Бојата на Huawei Matebook 13 наречена Space Gray дава впечаток на многу модерен уред, кој поседува брзина и елеганција истовремено. 

Целосно функционалниот Windows 10 оперативен систем ќе ви овозможи пристап до сите алатки за работа и е одлична комбинација со Office пакетот или пак било која друга апликација за уредување на документи, организација, комуникација, и слични обврски. 

Huawei Matebook 13 работи со AMD Ryzen 5 процесор, има 512 гигабајти меморија и 8 гигабајти RAM. Батеријата може да трае неколку часа во активна работа, а се полни доста брзо. Истиот полнач со капацитет од 65W може да го искористите и за полнење на смартфони на Huawei.

13 инчниот модел веќе од август е достапен на македонскиот пазар и можете да го купите во продавниците за електроника.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар