Повеќе од спецификација - Како работат заедно Huawei Matebook 13 и Huawei P40 Pro?

Објавено на 10.09.2020 11:00 во Рецензија


Повеќе од спецификација - Како работат заедно Huawei Matebook 13 и Huawei P40 Pro?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Многу ефикасна технологија за поврзување на лаптоп и смартфон

- Нема потреба од интернет конекција

- Брзо префрлување на фајлови и податоци од еден на друг уред

 

 

Negatives:



Целата рецензија

Продолжуваме со серијата на видео рецензии за вашите омилени производи. Овој пат повторно го тестираме компактниот лаптоп со одлични перформанси Huawei Matebook 13 заедно со најмодерниот смартфон Huawei P40 Pro. Функцијата Huawei Share ви овозможува многу едноставно, брзо и лесно да ги спарите двата уреда.

Се што треба да направите е да го допрете Huawei смартфонот на квадратот на Huawei Matebook 13 обележан како Huawei Share. Штом дадете потврда од лаптопот на екранот ќе се појави менито на Huawei смартфонот. 

Потоа и двата система ги имате на едно место и на пример додека работите може смартфонот да го оставите настрана. На лаптопот ќе ги добивате сите нотификации, пораки и мејлови, како и потсетници и настани креирани преку календарот.

Huawei Share е одлична технологија и за поврзување на лаптопот и смартфонот не ви е потребна интернет конекција бидејќи се базира на Bluetooth поврзување. Исто така треба да имате инсталирано PC Manager на вашиот Huawei лаптоп, а функцијата Huawei Share е достапна за поголем број на Huawei и Honor смартфони кои располагаат со NFC. 

Multi-Screen Collaboration е цел систем на контрола на содржините на поврзаниот смартфон. На пример ако ја отворите апликацијата Notes може да ја користите тастатурата на лаптопот за внесување на текст и креирање белешки и потсетници. 

Една од најголемите предности е што може веднаш преку Huawei Share да ги пренесете сите фајлови, податоци, слики или видеа од смартфонот на лаптопот со drag and drop и обратно може да направите за фајловите од лаптопот за пренос на смартфонот. 

За илустрација со долго држење на слика од галеријата на Huawei P40 Pro се појавува зелена икона. Потоа сликата ја копирате на декстоп или друга локација и истата може да ја уредувате со апликации од самиот Huawei Matebook 13.

За искористување на поголемата површина на дисплејот на Huawei Matebook 13 од 13 инчи може да активирате игра од самиот смартфон на Huawei. Командите би ги давале преку екранот на допир на смартонот, а за поголема прегледност би го користеле дисплејот на лаптопот. 

Сите апликации кои ги имате на смартфонот може да ги управувате со тракпадот и тастатурата на Huawei Matebook 13 лаптопот или пак, преку поврзан маус. 

Ви благодариме за вашата доверба, продолжете да ги следите видеата на telefoni.mk, subscribe на нашиот канал на YouTube и гледајте не на нашата Facebook фан страница каде исто така може да ги погледнете сите видеа.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар