Цукерберг има план за елиминирање на iPhone

Објавено на 21.09.2020 19:34 во Рецензија


Цукерберг има план за елиминирање на iPhone

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Разгорување на битката меѓу Facebook и Apple

 

Negatives:



Целата рецензија

Марк Цукерберг, основачот и шеф на Facebook, по подолго време исплива во јавноста со теми кои имаат позитивен контекст отргнувајќи го вниманието од горливите прашања како 0то се приватноста на корисниците, злоупотреба на информации и агресивното ширење на лажни вести.

Таа можност му ја даде Маркис Браунли во новото интервју на неговиот популарен канал на YouTube. Главните теми на разговор овој пат беа развојот на виртуелната и пренесената реалност и како во иднина ќе се развиваат соодветните хардверски уреди.

Цукерберг на неколку наврати суптилно упати напади директно кон Apple со кого влегуваат во тивка војна за процентот за заработка од апликациите преку App Store, но и воопшто за пласирањето на мултимедијални содржини. 

Главните поенти на "човекот со 2 милијарди пријатели" е дека во иднина воопшто ќе немаме потреба од уреди како iPhone или било какви смартфони, односно уреди со екрани.

Визијата на Цукерберг е развој на очила со виртуелна и пренесена реалност кои ќе овозможат проекција на содржините преку холограми. Тој тврди дека Facebook има сериозен напредок во развивање и усовршување на ваков вид на смарт очила кои ќе бидат лесни и едноставни за носење, практично исто како очила за сонце, и нема да бидат ниту дебели ниту тешки.

Сите контроли ќе се вршат преку воздушни гестови со рацете, па така значително ќе се ограничи физичката контрола и потребата од команди на допир. Цукерберг е свесен и дека Apple работи на развој на AR очила, бидејќи евентуално ќе дојде време кога ќе заврши ерата на смартфонот, а со тоа и на iPhone.

Марк Цукерберг исто така потенцираше дека со години користи смартфони на Samsung и на неговиот менаџмент му препорачал да работи со Android телефони, а не со iPhone на Apple.

Во наредниот период го очекуваме и одговорот на Apple на овие суптилни провокации на конкурентот и што конкретно ќе биде нивниот развој во AR и VR технологијата.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар