Огромни екрани за видео повици - Кој е во предност?

Објавено на 26.09.2020 21:13 во Рецензија


Огромни екрани за видео повици - Кој е во предност?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Употребата на апликации за воспоставување на видео повици, онлајн состаноци и конференции стана вистинска неопходност кога се препорачува да се одржува физичка дистанца. 

Состаноците со голем број на луѓе во иста просторија се веќе минато, се повеќе компаниите користат онлајн решенија како Zoom, Google Meet, Microsoft Teams, Skype и други алатки, но за сите нив најдобро е да се користи лаптоп.

Сепак, одредени активности бараат употреба на голем екран, уред кој ќе има голема работна површина за тој што е администратор на разговорот да има подобар увид во тоа кој се е вклучен во видео повикот или конференцискиот повик.

За жал, иако во домашни услови имаме речиси сите LCD екрани со голема површина ретко кој од нив има вградена веб камера за да може да емитувате видео од вашата удобна позиција.

Интересно, токму таков вид на специјализиран уред веќе се развива од страна на повеќе компании. Меѓу нив е и Microsoft кои планираат да лансираа нов огромен дисплеј со големина од 85 инчи кој ќе биде специјализиран за воспоставување на видео повици со вградена веб камера и микрофони. Овој уред ќе биде пред се користен за апликациите кои веќе се во сопственост на Microsoft како што се Skype и Teams.

Единствена пречка за обичните корисници е што специјалниот уред на Microsoft ќе чини дури 22 илјади американски долари, односно ќе биде наменет пред се за корпоративна употреба, за големи фирми кои може да си дозволат да купат ваков уред, на пример приватни болници, банки и други институции.

За надминување на овие пречки се очекува големите брендови да лансираат многу поевтини решенија кои ќе овозможат да го користите лаптопот за пипување и фаќање белешки, што ќе биде многу корисно на пример за онлајн настава додека учениците не се во училиштата туку учат од дома.

Google, Facebook и Amazon работат на смарт уреди со вградена веб камера која може да се поврзе со голем монитор или смарт телевизор и притоа да може да се приклучите на вообичаените апликации како Meet, Rooms, Zoom и останатите. 

Поврзувањето ќе оди преку HDMI или безжично преку cast во зависност од производителот. Така ќе може да ја поставите веб камерата да ја следи линијата на поставеноста на очите, а вашето видно поле ќе биде директно во екранот со поголема прегледност од самиот лаптоп, а него пак со слободните раце ќе може да го користите за белешки и други команди.

Следи навистина интересен период на нов вид на т.н. Zoom уреди па наскоро ќе знаеме повеќе кој од нив ќе биде најдобар и најсиплатлив откако Microsoft веќе "повлече нога".

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар