Инбоксот на Google Messages ќе биде значително прочистен

Објавено на 28.09.2020 18:23 во Рецензија


Инбоксот на Google Messages ќе биде значително прочистен

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Google со следната надградба на мобилната апликација Messages се очекува да воведе бројни филтри за прочистување на пораките кои по одредено време не ви се потребни воопшто и само го оптоваруваат вашиот инбокс.

Имено, девелоперите од XDA открија дека во бета верзијата на Google Messages има нов код кој треба да биде активиран со официјалната надградба на новата верзија на апликацијата за Android.

Една од главните определби ќе биде прочистување на сандачето со SMS пораки на Google Messages. Најпрво ќе биде поставен филтер кој ќе ги наоѓа сите оние известувања добиени преку SMS порака за еднократен код или лозинка за автентикација со двостепен фактор.

Со оглед на тоа што голем број на интернет и мобилни сервиси им овозможуваат на нивните корисници дополнителна заштита со двостепена верификација, бројот на нотификации со кодови и лозинки значително се зголеми.

Бројните пораки од сервисите кои ги користите прават самиот инбокс да биде преполн и ја намалуваат прегледноста. Така може да се случи некоја важна SMS порака од вашите најблиски или некоја порака поврзана со работното место да не ја прочитате.
Новиот систем на Google Messages ќе овозможи избор на корисникот дали сака автоматски по истекот на 24 часа да ги избрише сите пристигнати SMS пораки со известувања за кодови и лозинки. 

Така ќе се добие еден многу пофлексибилен инбокс, а заложбите за прочистување на SMS пораките ќе продолжат и со следни чекори во наредниот период, што е одлична вест за корисниците на Google Messages, како и мотив плус и за останатите да ја изберат оваа платформа како главен SMS клиент. 

Надминување на SMS системот

Google Messages ќе продолжува да го развива и RCS системот со можност за примена на многу модерни алатки за замена на веќе застарениот систем на SMS пораки, со испраќање на гифови, емотикони, емоџи, стикери, групни пораки и многу други новитети, па така и самата транзиција која во одредени зависи и од мобилните оператори, по зголемување на бројот на корисници треба да се случи многу побрзо.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар