Се гледа ли крај за кошмарот со Waze на Android Auto?

Објавено на 29.09.2020 19:01 во Рецензија


Се гледа ли крај за кошмарот со Waze на Android Auto?

Оцени

usability
0.0


Перформанси
5.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
6.2


Наши забелешки

Positives:

 

- Проблеми со GPS и навигација

 

Negatives:

 

- Наскоро следи софтверско решение



Целата рецензија

Waze е несомнено една од најдобрите апликации за навигација со приказ на информации во реално време за состојбите на патиштата и сообраќајот. Апликацијата требаше дополнително да се развива откако Google вложи импресивни 1,1 милијарда долари за „малиот“ стартап од Израел. Сепак, и покрај тоа што Waze е целосно интегрирана во семејството на апликации на Google, корисниците во изминатиот период се изнамачија со употребата на Waze.

„Заглавени“ во сообраќајот

Главните проблеми со Waze се видливи најмногу за корисниците на посебниот смарт систем за возила Android Auto. Откако се достави надградбата со последната верзија на оперативниот систем Android 11 се јавија големи проблеми со GPS навигацијата на Waze.

Корисниците пријавуваат дека Waze на Android Auto воопшто не може да се поврзе на GPS и да ја утврди нивната точна локацијата. Исто така проблеми има и откако ќе одберете рута за навигација, но Waze воопшто не може да ја изврши командата.

Погрешно програмирани дозволи за работа на Android 11

Делумно решение кое се препорачуваше е корисниците да овозможат постојана дозвола на Waze за користење на GPS локаторот на нивниот Android Auto систем. Сепак, и ова решение не ги даде посакуваните резултати.

Тоа остави бројни возачи и учесници во сообраќајот фрустрирани затоа што не можат прописно да ја користат навигацијата и мапите на Waze. Според информациите станува збор за грешка во програмирањето на системот за дозволи за пристап до уредот во најновата надградба на Android 11.

Google е свесен за проблемот и според најавите веќе работи на софтверска надградба која треба да ги надмине сите проблеми кои корисниците ги имаат со апликацијата Waze за Android Auto.

Се додека не стигне официјалната закрпа на проблемот со Waze, на корисниците им се препорачува да користат алтернативни решенија како што е Google Maps бидејќи за одредени региони се „претопени“ информациите за состојбата во сообраќајот во реално време додека ја планираат нивната дневна рута. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар