Како влијае редовното ажурирање на вашиот смартфон

Објавено на 30.09.2020 07:30 во Рецензија


Како влијае редовното ажурирање на вашиот смартфон

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Samsung со подобрена безбедност;
- Поврзување со Windows;

 

Negatives:



Целата рецензија

Технолошкиот пазар врие од нови модели на смартфони што ветуваат незаборавно корисничко искуство. Без оглед на тоа дали сте ИТ ентузијаст или секојдневен корисник, поради различноста на понудата не е лесно да се одбере телефонот што ќе ги исполни сите ваши потреби. За жал, многу корисници веќе после неколку месеци завршуваат со уредите што запнале на застарените верзии на софтвери и сервиси, како и системите на заштита што е невозможно да се ажурираат. 

Таквите ограничувања го оневозможуваат ефикасното споделување на содржини и користење на најновите софтвери за подобрување на карактеристиките на телефоните, а притоа се изложуваат и кон бројни опасности на интернет - вируси, DDoS напади или кражба на приватните податоци.

Со фокус на најдоброто корисничко искуство, Samsung ги дизајнирал своите смартфони така што ќе ги поседуваат најновите верзии на Google сервисите и двослојна заштита, со додаток на официјалните Android апликации, со цел да се извлече максимумот од секој уред. Со Galaxy телефон во рака, покрај пристапот кон најновите технолошки трендови и иновации, ќе имате и своевиден помагател што поттикнува кон физичка активност, продуктивност и забава.

Заборавете на проблемите со Playstore и редовните ажурирања

Со редовното ажурирање на софтверот и најновите верзии на Google Playstore сервисот, вашиот Galaxy уред ќе функционира беспрекорно. Playstore ве штити од сите ризици за преземање на апликации рачно преку веб страниците, кои може да предизвикаат штета на компјутерот и вашиот смартфон. Дополнително, Google Alerts предупредува на потенцијално небезбедни апликации, а благодарение на месечните ажурирања, ќе бидете заштитени од било кои опасности како што се phishing, протекување на податоци или небезбедни Wi-Fi мрежи.

Дигитален свет без ограничувања

Samsung и Google ги здружија силите и ја креираа апликацијата Google Duo – алатка за видео конференции со висок квалитет и брзини што ги покренува стабилната поврзаност преку Galaxy Wi-Fi 6 технологијата. Совршен пример на смартфоните се најновите Samsung уреди како што е Galaxy Note20 серијата, со оглед на тоа што немаат ограничувања за претходно инсталираните апликации и сервиси, а со самото тоа и нема потреба за рачно подесување.

Google Maps – идеален сопатник

Google Maps е најдобрата навигациска платформа, којашто совршено функционира во сите ситуации. Не е важно дали одите пешки, возите или користите јавен превоз, Google Maps секогаш ги извлекува точните податоци за оддалеченоста и траењето на патувањето.

Windows и Galaxy

Microsoft Office се користи во сите индустрии, а за оние што сакаат да го синхронизираат телефонот со компјутерот, Samsung и Microsoft заеднички создаваат секојдневни алатки, како што се скенирање во PDF формат или префрлање на податоци во Excel табела. Со помош на Link to Windows може да им пристапите на своите фотографии, пораки и нотификации преку апликацијата Your phone companion.

Филм и забава

Samsung доаѓа со дополнителни Neftlix содржини, дополнителни осмислени само за Galaxy уреди, а за сето тоа може да го направите и преку Bixby апликацијата или пак да уживате читајќи вести и играјќи ги најновите игри со Samsung Daily. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.