Завршена истрагата: Монополот ги гуши конкуренцијата и иновациите

Објавено на 08.10.2020 11:00 во Рецензија


Завршена истрагата: Монополот ги гуши конкуренцијата и иновациите

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Антимонополското законодавство поттикнува развој и иновации; 

 

Negatives:

- Монополистичкото однесување ја уништува конкуренцијата;



Целата рецензија

Истрагата што траеше дури 16 месеци и над милиони прегледани документи, Одборот за правосудство на американскиот Дом на застапници, објави извештај на дури 450 страници во кој изнеле големи критики на сметка на големата технолошка четворка: Amazon, Apple, Facebook и Google. Наведено е дека технолошките компании имаат монопол во клучните индустрии во коишто работат и својата доминантна позиција ја злоупотребиле за понатамошен раст на пазарот и загушување на конкуренцијата.

Во извештајот се наведува дека Amazon, Apple, Google и Facebook имаат голем судир на интереси и се спомнуваат како критични посредници што воедно се интегрирани преку сите аспекти на работење, односно им конкурираат на компаниите што ги користат нивните услуги. Благодарение на големата количина на податоци што ги собираат преку својата улога како посредници, едноставно и лесно може да ја искористат својата позиција за судир на интереси.

Како некои од примерите се спомнуваат податоците што Google ги добил од својот пребарувач, кој го искористил за развој на веб прелистувачот Chrome, аквизициите со коишто Facebook ги елиминирал своите ривали како што се Instagram, WhatsApp, итн.

„Станува збор за нашето стопанство и демократијата“, коментирале од одборот при објавувањето на резултатите од истрагата. Поради монополистичко однесување, големата четворка ја деградира конкуренцијата, влијае за намалување на иновациите, се критикуваат поради купување на конкурентските компании, преферирање на сопствени сервиси. Со тоа се стекнуваат со надмоќ и контрола што ги имаат над помалите компании што ги користат нивните платформи и зависат од нив.

Од Конгресот се бара акција и донесување на нови правила

Споредувајќи го монополот што денес го имаат во споредба со некои монополи од минатото, разликата е во тоа што денешните монополисти имаат пристап кон податоците што ги собираат од еден сегмент на пазарот и потоа тие податоци ги користат за експанзија на други пазари. Се истакнува дека таквите монополисти ги бираат победниците и губитниците во економијата, а на конкурентите што ги користат нивните услуги им наметнуваат провизија и неприфатливи договори.

Како решение во овој извештај е наведено Конгресот да донесе нови правила што радикално ќе го променат начинот на кој индустријата делува. Се истакнува дека Конгресот треба да дефинира нов стандард за кршење на антитрустовските правила, според кои законите треба да бидат направени така што ќе ги штитат не само корисниците, туку и работниците, бизнисмените, отворените пазари, и пазарната економија.

Ниту една од повиканите компании не се согласува со заклучоците, т.е. не се согласуваат дека се монополисти и не ја злоупотребуваат својата позиција, туку работат во согласност со законот, развивајќи нови производи и иновации. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.