Samsung Galaxy Note 20: Моќност, иновации и слобода со S Pen

Објавено на 29.10.2020 21:00 во Рецензија


Samsung Galaxy Note 20: Моќност, иновации и слобода со S Pen

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.9


Цена
9.8


Камера
10.0


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

- Иновативен glasstic дизајн;
- Голем Super AMOLED дисплеј;
- S Pen е на левата страна;
- USB C влез;
- Можност за ракување со една рака и покрај тоа што има голем дисплеј;
- Сертификат за водоотпорност;
- „Under display“ читач на отпечатоци на прсти;
- Снимање видео во 8К резолуција;
- Освежен One UI 2.5 интерфејс;
- Квалитетен звук и практична Мултимедија;
- Безжично DeX поврзување на телефонот со мониторот;
- Одлични перформанси, што овозможуваат да играте какви игри сакате;
- Голема меморија за лични податоци;
- Брзо и реверзибилно безжично полнење;
- Фотографирање од далечина со S Pen;

 

Negatives:



Целата рецензија

Samsung понуди два Galaxy Note модела годинава, кои ги срушија рекодите на конкуренцијата.

Дизајн и дисплеј

Samsung Galaxy Note 20 располага со 6.7 инчен дисплеј, дизајниран со метална рамка, додека S Pen е на левата страна. Од долната страна имате звучник со стерео звук, со новиот USB C влез. Од задната страна има пластичен панел, таканаречениот „glasstic“ дизајн на Samsung, кој претставува одлична замена за стакло. Завршната обработка во дизајнот остава голем впечаток во вид на брусен алуминиум, којшто порано беше популарен.

Позади имате четворна камера, каде имате дополнителен микрофон и LED блиц. Од предната страна на екранот имате Gorilla Glass 5 заштита на стаклото и IP68 сертификат за водоотпорност, што гарантира преживување под вода, во одредени услови. Благодарение на One UI интерфејсот и купот со практични гестикулации, можете слободно да го ракувате со една рака, и покрај тоа што има голем дисплеј.

Екранот наGalaxyNote 20 е Super AMOLED со flat FHD+ резолуција и punch hole за селфи камерата со „under display“ читач на отпечатоци на прсти. Со над 400 ppi телефонот дефинитивно овозможува острина и детали во сликите и подобра читливост во сите услови. Note 20 има 60Hz освежување на екранот, што е доволно добро за да ја намали цената и да биде ценовно прифатлив во споредба со Ultra моделот, кој има двојно повеќе фреквенција од 120Hz, но затоа и цената му е повисока.

Камера

Note 20 располага со 10MP селфи камера и ултрашироката камера од 12MP од задната страна, главен сензор од 12MP f/1.8 со OIS и Dual Pixel автофокус, додека може да снима и 8K видео, што е навистина неверојатно. Дополнително имате и телефото камера од 64MP и 3x оптички зум, со 30x дигитално зумирање. Имате многу функции за снимање на селфи слики и слики со задната камера. Режимите за снимање како што се Live Focus, bokeh, портретни фотографии и видеа, Ноќен режим и Професионален Фотоапарат  и Професионална Видеокамера.

Со професионалниот режим ви се овозможува и одбирање на микрофон, од предната и задната страна со помош не екстерни USB и Bluetooth микрофони. Потоа може да зумирате видео и звук во насоката во која снимате. Камерата на Note 20 нема да ве разочара, бидејќи креира брилијатни фотографии и видеа со различни услови на користење. Фотките снимени со Galaxy Note 20 телефонот ги краси широк динамички распон и околу угодните изразени бои. 

Софтвер

Galaxy Note 20 серијата има освежен One UI 2.5 интерфејс, кој изгледа подобро од било кога. Визуелните разлики во споредба со претходната изведба нема премногу разлика, но се заедно изгледа поконзистентно. Голема новост е што Samsung вети 3 ажурирања за Android кај Note 20 и така за сите идни уреди што ќе се купуваат веднаш добиваат можност за надградба. 

Има се што треба да има - навигациски гестови, гестови за спуштање на Центарот за известување во изборникот со апликации, класичен Мултитаскинг приказ, поддршка за Теми и Dark Mode. Samsung со текот на годините го усоврши својот Android skin значително и го оптимизираше со цел сега да постигне навистина брзо искуство во споредба со поранешниот Touchwiz. Во поглед на Мултимедија, Note 20 ви нуди топ искуство - Netflix, YouTube и другите сервиси изгледаат неверојатно на овој екран. Стерео звукот е за пофалба, а слушалките сепак мора да ги приклучите на USB C или безжично. Звукот е одличен. Samsung го истакнува тоа и дека Galaxy Note 20 има Google Play Store и непречен пристап кон сервисите на Google. Се разбира, поради примерот со Huawei сака тоа да го потенцира и да ги увери корисниците дека нема промени во тој сегмент.

Покрај апликациите на Google, Note 20 има и Microsoft апликации и алатки од Samsung, меѓу кои се истакнуваат Samsung Notes и DeX, кој секој монитор во близина го претвара во мини десктоп компјутер. DeX на екранот на телевизорот или мониторот ги прикажува апликациите од вашиот Note 20 телефон и тоа преку безжично поврзување.

Хардвер

Galaxy Note 20 го има Exynos 990 чипот под хауба, кој е само за Европа, додека на Запад го имаат Snapdragon 865+. Има 8GB RAM меморија и 256GB внатрешна меморија, што значи дека ако ги пробате Asphalt 9, PUBG, Fortnite и други игри, се ќе оди како подмачкано и брзо. 256GB меморија за лични податоци ви е доволно добра, па дури и да снимате во 8K резолуција. Ова го напоменуваме бидејќи Note 20 не прима мемориски картички.

Безбедноста и заштитата на податоци го гарантира Samsung Knox системот, како и биометриската авторизација со ултразвучен читач на отпечатоци и Face Unlock технологијата. Батеријата од 4300 mAh ви нуди 10 часа со мешовито користење на телефонот. Полнењето со 25W е преку кабел, а поддржува и безжично, како и реверзебилно безжично полнење. Така со неговиот заден панел може да наполните Samsung смартчасовник доколку тоа ви е практично. Полначот во пакетот полни до 100% околу 1 час и 20 минути, додека за 30 минути е на над 40%.

Уште подобар S Pen

Samsung S Pen од минатата година за прв пат беше поврзан преку Bluetooth со уредот и се полни се додека е во својот влез. Тоа ги овозможуваат и оние воздушни гестикулации со мавање со S Pen пенкалцето за фотографирање од далечина, управување со презентации, прелистување низ содржините и слично. Тоа може да биде многу практично за деловни потреби. Запишувањето на белешки на екранот, потпишувањето на документи, исечувањето на содржини и креирањето на белешки е уште подобро од лани, а благодарение на уште пониската латенција, благодарение на екранот на притисок со стилусот.

Оценка?

Samsung Galaxy Note 20 е поевтината варијанта на Note 20 Ultra, од кој се разликува по значително послаби перформанси, кои општо земено, и не се толку слаби. Можете да играте игра и да си играте на екранот со значително подобрениот S Pen, што е карактеристичен само за Note серијата од Samsung. Имате одличен хардвер со голема меморија, неверојатни камерни можности, голем дисплеј, блескав дизајн и многу можности. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.