Критики против Apple: Нивните методи се слични на мафијашко рекетарење

Објавено на 12.10.2020 17:06 во Рецензија


Критики против Apple: Нивните методи се слични на мафијашко рекетарење

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:

- Оптоварување (уценување) на девелоперите и апликациите со трошоци со цел остварување на поголем профит;



Целата рецензија

Се почести се критиките против Apple. Освен неодамнешната тужба против монополската позиција против компанијата на Кук, Google, Facebook и Amazon, сега има се повеќе незадоволни девелопери и компании, чии апликации се објавени во App Store. Порано пишувавме и за незадоволството на големите компании како што се Spotify и Epic Games, со кои Apple заврши и на суд, но има и мали компании и девелопери што се незадоволни.

Незадоволството првенствено се однесува на барањата на компаниите поврзани со купувањето внатре во продавницата за апликации  - сите плаќања мора да одат преку системот на Apple со цел компанијата на Кук да земе провизија од 30%. Малите девелопери се незадоволни, но не сакаат јавно да го критикуваат Apple оти се во страв дека нивните апликации ќе бидат отстранети од онлајн продавницата на Apple.

Еден од нив сепак проговорил за начинот на кој Apple ги третира девелоперите - извршниот директор на ProtonMail, Енди Јан. Опишувајќи го односот, тој немал благи зборови за компанијата на Тим Кук, кој ја мери со рекетарските организации.

Apple е обвинител, судија и извршител на казните

Таа постапка ја опишал по примерот на својата апликација што долго била бесплатно достапна во App Store, но кога Apple детектирал пораст на бројот на преземања на нивната апликација ProtonMail, како класична мафијашка изнуда, почнале да влечат пари од нив, сликовито објаснува Јан. Пред две години Apple побарал од нив воведување на опција за плаќање внатре во апликацијата, оти на нивната интернет страница виделе дека постои можност за плаќање на претплата за ProtonMail. Исто побарале да се направи и внатре во апликацијата, при што, не им останало ништо друго, освен да ги послушаат нивните упатства, оти во случајот на App Store, Apple е обвинител, судија и извршител на казната. Немале кому да се жалат, оти во случај да не ги прифатат барањата на Apple, или рекетарењето како што тоа го опишал, нивната апликација не би била повеќе достапна во продавницата за апликации.

Со воведувањето на купувањето внатре во апликацијата за секој долар што корисниците би го потрошиле во App Store, 30% оди за Apple, поради што ProtonMail морал да ја зголеми цената на претплатата. Од Apple коментирале дека пред 1 месец ги промениле правилата и дека бесплатните апликации за претплатнички сервиси веќе не мора да ја внесуваат можноста за купување внатре во апликацијата. 

Apple според некоја логика тука ги уценува и девелоперите, оти внатре во апликацијата не смее да има известувања за постоење на претплатнички сервис, кој се наплатува надвор од App Store. Со оглед на тоа што нема доверба во Apple, Јан рекол дека таа можност прво ќе ја тестира внатре во апликацијата на ProtonDrive и дури потоа ќе ја примени на својата популарна аплиакција за е-пошта.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.