Huawei не се предава: Објавена е Mate 40 артилеријата

Објавено на 23.10.2020 11:01 во Рецензија


Huawei не се предава: Објавена е Mate 40 артилеријата

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.9


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Dual Cine камера;
- 88° Horizon екран;
- IP68 сертификат за отпорност на прашина и вода;
- Space Ring дизајн;
- Уникатна Mystic Silver боја;
- 5-нанометарски Kirin 9000 чипсет;
- Моќни перформанси;
- Моќни камери;
- 3D препознавање на лице;
- Екран од 90Hz;

 

Negatives:

- Висока цена;



Целата рецензија

Huawei вчера ги претстави долгоочекуваните нови уреди во Mate серијата - Mate 40. За време на претставувањето, директорот на Huawei, Ричард Ју, изјави дека сите смартфони во серијата Mate 40 припаѓаат на предводничката (flagship) категорија. Новата серија ги содржи најдобрата технологија на Huawei.

„Секоја година Huawei Mate серијата ја обединува најдобрата технологија во пакет. Тоа е оно што ја дефинира ДНК-та на Mate серијата, што ја овозможува нашата посветеност кон иновациите. Во овие непредвидливи времиња и понатаму сме посветени кон создавање на подобра иднина, со иновативна технологија што носи позитивно и големо влијание врз животот на потрошувачите. Во иднина ќе продолжиме да соработуваме со нашите партнери, со цел да го овозможиме најдоброто смарт искуство на напите потрошувачи“, вели Ју.

Дизајн и екран

Mate 40 серијата се карактеризира со препознатливиот дизајн, под чија површина се крие иновативната технологија. Huawei Mate 40 Pro и Mate 40 Pro+ се создадени според принципите на функционалниот дизајн од 88° Horizon екранот и заоблените страни за полесно држење. Уредите доаѓаат со IP68 сертификат за отпорност на прашина и вода, а изборот со виртуелни и физички контроли за звук и подобрени алгоритми за спречување на случаен допир.

Huawei Mate 40 Pro и Mate 40 Pro+ располагаат со добра предна камера, 3D отклучување преку препознавање на лице, ултра-широкоаголна селиф камера и прецизен сензор за гестови. Задната страна на телефонот е со Space Ring дизајн, еволуција на култниот кружен и симетричен дизајн на Mate серијата. Huawei Mate 40 и Mate 40 Pro се достапни во црно-бели изведби, како и уникатната Mystic Silver боја, која овозможува ефект на промена на боите. Постојат и две варијанти со веганска кожа, сончогледово жолта и маслинесто зелена. Huawei Mate 40 Pro + има брилијантна нанотехнолошка керамичка задна страна достапна во две бои: бела и црна.

Kirin 9000 со поддршка за 5G

Новиот Mate е со 5-нанометарски Kirin 9000 чипсет и целосно спремен за 5G. За прв пат 5G чипсетот има над 15,3 милијарди транзистори, што го чини најгуст и најсодржаен 5G процесор досега. Моќниот процесор има трослојна архитектура со висока енергетска ефикасност со јадра што функционираат до 3,13 GHz. 24-јадрениот Mali-G78 е интегриран, заедно со иновативниот NPU што содржи две големи јадра и едно мало јадро.

24-јадрениот Mali-G78 GPU и Mate 40 Pro и Mate 40 Pro + телефоните ги прават најмоќните уреди од Huawei. Овозможува напредни графички перформанси, а екранот од 90Hz функционира заедно со брзина што се одзива на допир од 240Hz.

Повеќе камери

Системот на камерите на Huawei Mate 40 серијата е изработен во соработка со Leica и доаѓа со ултра-широка леќа, главна камера со висока резолуција, телефото камера и друго. Двојните Cine камери и двојните ултра-широки камери на Mate 40 Pro и Mate 40 Pro + уредите овозможуваат снимање со широкоаголни видео записи и фотографии на предните и задните камери.

Dual Cine камерата има сензор што овозможува снимање во сооднос од 3:2, додека Steady Shot овозможува снимање на убави видеа, а XD Fusion HDR Video обезбедува урамнотежена експозиција. Mate 40 серијата содржи аудио фокус, аудио зум и висок квалитет за снимање со поврзаните bluetooth уреди.

Ултра-широкоаголната камера сега нуди широко видно поле, побогати детали, подобрени перформанси при слабо осветлување и алгоритми за корекција на изобличувања. Super Sensing широката камера овозможува верно прикажување со висока резолуција. Квалитетот на фотографиите дополнително се подобрува со Full Pixel Octa PD автофокусот. Huawei Mate 40 Pro содржи перископска телефото камера што поддржува хибриден зум од 10x и дигитален зуѕм од 50x, додека Huawei Mate 40 Pro + има двоен телефото систем што овозможува хибриден зум од 20x и дигитален зум од 100x.

Selfie Ultra Vision камерата на Mate 40 серијата снима селфи и видео записи со 4K снимање и опција за снимање во едно од трите достапни видни полиња, од блиско и лично до ултра-широко.

Воздушни и смарт гестови за управување без допир

Huawei Mate 40 Pro и Mate 40 Pro + доаѓаат со Smart Gesture контроли, кои овозможуваат целосно управување со уредот без раце. Можно е едноставно да ја задржите раката над уредот за да се активира, а движењето со функциите може да се прави со провлекување кон лево, десно и горе-долу, а тука се и гестовите за одговарање на повици. Уредот овозможува и нови Eyes on Display можности, кои може да се активираат со поглед, така ѕвоното за дојдовни повици сега може да се намали со гледање во телефонот.

Мултимедија и софтвер

Multi-screen Collaboration нуди интуитивен начин за корисниците да управуваат со повеќе уреди одеднаш, да отвори неколку апликации истовремено, комбинирајќи го смартфонот и компјутерот, со цел да пружи уникатно искуство. Huawei посветил големо внимание на новиот EMUI 11 кориснички интерфејс, кој содржи целосни безбедносни решенија за заштита на корисниците. Оперативниот систем има сертификат CC EAL5+, што е највисокото ниво на сертифицирање за комерцијализирани безбедносни микро јадра. За време на преносот на фотографии, корисниците може лесно да ги отстранат чувствителните лични податоци како што се местото, времето и деталите од уредите од датотеките, пред да бидат испратени.

Huawei исто така претстави нови апликации глобално достапни со Petal Search, Petal Maps - апликација за мапи со поддршка за управување со гестови на Mate 40 уредите, Huawei Docs – обединета услуга со Word документите.

За време на лансирањето, Huawei го претставил FreeBuds Studio, првите слушалки со функција за поништување на бучавата и Porsche Design Huawei Watch GT 2, а најавени се и смарт очилата Huawei x Gentle Monster Eyewear II кои ќе бидат глобално достапни, како и безжичните Sound Wireless Hi-Fi.

Цена

Mate 40 серијата ќе биде лансирана на интернационалните пазари чекор по чекор, па точниот датум за пристигнување во Македонија останува непознат. Цените на Huawei Mate 40 се познати: Huawei Mate 40 ќе биде 889 евра, Huawei Mate 40 Pro 1.199 евра, Huawei Mate 40 Pro+ 1.399 евра, Huawei Mate 40 Pro Porsche Design 2.295 евра, Huawei Watch GT 2 Pro Porsche Design 695 евра, Huawei FreeBuds Studio 299 евра, Huawei x Gentle Monster Eyewear II 299 евра и Huawei Sound Wireless 199 евра.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.