MagSafe бавно ги полни сите уреди кои не се iPhone 12

Објавено на 24.10.2020 14:23 во Рецензија


MagSafe бавно ги полни сите уреди кои не се iPhone 12

Оцени

usability
7.0


Перформанси
7.5


Цена
7.5


Камера
10.0


резултат
8.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Нов интересен додаток со повеќе функции

 

Negatives:

 

- Ограничен во перформанси за уреди кои не се iPhone 12



Целата рецензија

По промоцијата на iPhone 12 еден од новите најинтересни додатоци кои го привлече вниманието на корисниците беше додатокот за безжично полнење MagSafe кој доаѓа во неколку различни форми. Од тоа што беше презентирано до сега кога овие уреди веќе се достапни почнуваат да излегуваат и првите тестови со што добиваме привпна слика како функционираат.

Сепак, тестовите кои ги направи MacRumors откриваат дека MagSafe безжичниот полнач и не е така импресивен како што неодамна го претставуваше Apple.

Една од главните определби на Apple е да го намали електронскиот отпад кој се создава со бројните полначи, слушалки и кабли. Затоа и новиот iPhone 12 доаѓа без посебен полнач и слушалки во кутијата. Корисниците може да искористат полнач од претходните генерации на iPhone 12 и слушалки кои веќе ги имаат на располагање или да го купат безжичниот полнач MagSafe.

Неубедливи први тестови

Целата оваа замисла на Apple може да падне во вода бидејќи MagSafe кој чини околу 30 евра ако не ги дава посакуваните резултати тогаш и не е некаква предност за досегашните корисници и сопственици на iPhone смартфони и останати уреди на Apple кои имаат безжично полнење.

Имено тестот на MacRumors е направен со постариот модел iPhone XS Max со MagSafe полначот и утврдено е дека почни многу побавно од капацитетот кој го постигнува со iPhone 12.

По правило iPhone XS Max со безжичен полнач би требало со капацитет од 7.5W ја влезна енергија да ја полни батеријата за околу 25% во рок од 30 минути. Со истиот енергетски потенцијал MagSafe за половина час успева да пополни само 13% од батеријата на iPhone XS Max што е доста под очекувањата. 

Така не би ви се исплати да купувате безжичен полнач како што е MagSafe туку некоја проверена и можеби поевтина опција на пазарот. Засега се чекаат и тестови на MagSafe со постарите модели на Apple Watch кои имаат соодветен енергетски капацитет, како и на останати смартфони од други брендови како Samsung Galaxy S20 кои имаат можност за безжично полнење.

Дури и да имате нов iPhone 12 смартфон исто така дискутабилно е дали да го купите додатокот MagSafe со енергетски потенцијал од 15W за овој модел на мобилен телефон, бидејќи преку кабел со брзо полнење би добиле уште подобар енергетски потенцијал од 20W за побрзо надополнување на енергијата на уредот.

Инаку Apple многу заостанува во поглед на брзо полнење на батеријата во споредба со Android конкуренција каде новите полначи достигнуваат засега максимален потенцијал од 65W, а некои брендови најавуваат дека следната година ќе имаат модели кои за половина час ќе полнат 100% од батеријата, односно брзите полначи ќе имаат потенцијал од 100W.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар