Што ќе понуди Playstation 5 со далечински управувач?

Објавено на 25.10.2020 16:06 во Рецензија


Што ќе понуди Playstation 5 со далечински управувач?

Оцени

usability
9.0


Перформанси
9.5


Цена
9.0


Камера
10.0


резултат
9.4


Наши забелешки

Positives:

 

- Целокупна понуда на гејминг и медиа на едно место

 

Negatives:



Целата рецензија

Sony Computer Entertainment ќе понуди едно сеопфатно искуство за сите гејмери кои ќе ја купат новата видео конзола Playstation 5 замислена за целосна забава покрај понудата на најнови видео игри со напредна графика и перформанси од следната генерација.

Тоа се гледа уште сега со најавата дека Playstation 5 ќе располага со специјален медиа далечински управувач со кого ќе може конзолата да ја претворите во мултимедијална станица со игри и многу различни содржини.

Еден медиа центар за целосна забава

Според најавите покрај Playstation 5 конзолата корисниците ќе може да го порачаат и специјалниот медиа далечински управувач кој ќе има посебни копчиња за активирање на Netflix, YouTube, Disney Plus и Spotify.

Новиот далечински управувач на Sony Playstation 5 ќе се продава одделно, но уште сега може да се порача во пакет со конзолата за сума од 30 долари.

Засега нема информации дали оваа цена ќе важи и потоа откако конзолата ќе биде целосно достапна на пазарот, однос по завршување на периодот на пред-нарачки.

Се што ви треба на едно место

Sony предвидува дека и кога ќе завршите со играње на видео игрите ќе нема потреба да ја гасите Playstation 5 конзолата. Затоа интерфејсот ќе биде поделен на два дела, на гејминг и на медиа. Во медиа делот на Sony Playstation 5 ќе има нова организација на менито и апликациите.

Корисниците ќе нема потреба да ги инсталираат поединечно сите апликации преку Sony Playstation Store туку истите ќе им бидат достапни уште од првиот ден на активацијата.

Засега е потврдено дека од старт корисниците на Playstation 5 ќе имаат пристап до Netflix, YouTube, Disney Plus, Spotify, Apple TV и Twitch. Преговори се водат за достапност на уште повеќе стриминг платформи за видео и музика како што се Amazon Prime Video, MyCanal, Hulu, Peacock и уште многу други.

Дигиталната верзија на Sony Playstation 5 без физички медиум ќе се продава по цена од 399 долари, додека пак стандардната верзија со оптички читач ќе се продава по цена од 499 долари за почетната мемориска конфигурација. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар