Дали со нов пребарувач ќе заврши најбогатото партнерство меѓу Apple и Google?

Објавено на 28.10.2020 18:01 во Рецензија


Дали со нов пребарувач ќе заврши најбогатото партнерство меѓу Apple и Google?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Намалување на влијанието на монополот на Google

 

Negatives:



Целата рецензија

Борбата за контрола над каналите на информирање може да кулминира со голем притисок од страна на американските регулатори кои може да стават крај на клучното партнерство помеѓу Apple и Google.

За работите да добијат јасност станува збор за договорот со кој Google е поставен како прв избор за интернет пребарувач на оперативниот систем iOs на Apple. Тоа значи дека секогаш кога корисниците на iPhone или другите уреди пребаруваат нешто на интернет се активира Google Search сервисот.

Десетици милијарди долари се во прашање

Според официјалните податоци Google годишно на Apple му плаќа неверојатни десет милијарди долари, некоја година и повеќе од тоа во зависност од обемот на корисници.

Со таа сума Google е обезбеден дека на iOs една од највредните мобилни платформи на светот и нејзините корисници кои имаат голема вредност како потрошувачи, добиваат резултати од пребарување, а со тоа и спонзорирани линкови преку Ads платформата на Google.

Напорите на американските власти да го ограничат монополот на Google може да резултира со забрана на договорот за финансирање на iOs платформата за гарантирано место на Google Search интернет прелистувачот.

Од една страна Apple би изгубил околу 10 милијарди долари чист годишен приход. Од друга страна Google би изгубил многу од вредноста на Ads платформата и гарантираниот пласман на реклами на корисниците на iPhone смартфони.

Дека станува збор за лукративна зделка говори и фактот дека сумата од 10 милијарди долари претставува околу 20% од вкупниот промени на Google Services одделот.

Нов интернет пребарувач како последна шајка во ковчегот на монополот

Apple кој е добро запознаен со намерите на регулаторите веќе размислува за алтернативно сценарио во моментот кога повеќе Google Search нема да го држи приматот на iOs системот.

Практично во изминатите шест години под плаштот на развој на виртуелниот гласовен асистент Apple собираше експерти за подобрување на резултатите од интернет пребарувањето. Според некои извори Apple веќе развива сопствен интернет пребарувач и компанија од таков габарит има доволно моќ и ресурси да му се спротивстави на Google Search кој доминира веќе две децении.

Можеби новото решение на Apple нема да биде во форма на традиционален интернет пребарувач, но комбинацијата со Siri и алатките за извлекување на конкретни податоци кои ги бараат корисниците од веб изворите сигурно ќе биде повеќе од доволна замена за Google Search.

Apple продава производи, а не податоци

Можеби оваа позната фраза на Apple во последно време со која се обидува да докаже дека е дел од "добрите момци" на Силиконската долина со наметнувањето на сопствено решение за интернет пребарувач ќе биде значително променета.

Бизнис моделот на Google Search значи дека ги дава услугите бесплатно, а производот се всушност самите корисници, или поточно грото на нивните податоци и потрошувачки навики.

Apple ќе направи се за да го задржи тој имиџ, односно дека нема намера да ги монетизира сопствените корисници и дека и натаму основен бизнис модел ќе им биде продажба на производи и услуги, а не дата на податоци, но ништо не е "исклесано во камен", особено не кога се во прашање бизнис интересите.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар