Apple има повеќе од 1 милијарда активни iPhone уреди!?

Објавено на 29.10.2020 07:30 во Рецензија


Apple има повеќе од 1 милијарда активни iPhone уреди!?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Константен раст на продажба;
- Постојан раст на лојалните iPhone корисници;

 

Negatives:



Целата рецензија

Аналитичарите проценуваат дека постојат 1 милијарда активни iPhones корисници дневно. Нил Сибарт, пишува дека "Милијарда луѓе сега имаат iPhone. Според мојата проценка, Apple надминал милијарда корисници iPhone и направил пресврт минатиот месец. 13 години откако излезе во продажба, iPhone останува перманентно најпопуларен и најдобро продаван смартфон“.

Сибарт додава дека „конкурентите продолжуваат со бесрамното копирање на iPhone, или се барем, под силно влијание на iPhone. Гледајќи напред, топ приоритетите на Apple за iPhone вклучуваат откривање на начин за зачувување на уредот во центарот на луѓето, истовремено препознавајќи ја парадигмата, што ја воведоа носечките уреди. 

Зголемувањето на цифрата на активни iPhone телефони се добри вести за Apple, затоа што тоа значи дека би можело да ја зголеми и понудата со сервисите. После достигнувањето на продажбата на iPhone на врвот во фискалната 2015 година, Apple направи паметно нешто и одлучи дека ќе се фокусира на продавање на сервиси за iPhone корисниците. Затоа си постави цел дека двојно ќе ги зголеми приходите од $25 милијарди на $50 милијарди до крајот на фискалната година. 

Apple пред некој ден ги откри дека има приходи од 39.2 милијарда долари од продажба на сервиси, додека продажбата од уреди изнесува 10.8 милијарда долари од јули до септември. Што значи тоа? Apple го исполнил својот таргет само во овие две етапи, додека вкупните приходи ќе ги откриеме на почетокот на 2021 година. За да бидеме попрецизни, сервисите ги вклучуваат Apple Pay, Apple Store, App Store, iCloud, Apple Music, Apple TV+, Apple Arcade, Apple News+, Apple Care+, iTunes, и други.

Сибарт вели дека iPhone бизнисот се претвори во нешто многу поопширно, а процентот на iPhone купувачите што се подновуваат со нови модели продолжува да расте. За 2020 година, процентот на iPhone продажбата за нови корисници ќе биде под 20% за целокупната iPhone продажба, што ќе е еднакво на рекордно ниско ниво и открива колку важни се надградбите за iPhone. Аналитичарот вели дека Apple се уште генерира од 20 до 30 милијарди нови iPhone корисници секоја година. Овие луѓе станале зависници од екосистемот на Apple и завршиле со други Apple уреди, како што се AirPods, Apple Watch, или iPad.

Apple има три цели, од кои едната е да продолжи со подобрувањето на камерите на iPhone. Сибарт вели дека камерата е сегмент во вид на „трка за вооружување“ што секој производител се обидува да го изработи најдобро. 

Аналитичарот објаснува дека iPhone стои зад огромниот пораст на инсталираната база на Apple од 125 милиони во 2010 година, на над 1 милијарда досега. iPhone ќе остане главната алатка за привлекување на нови корисници на Apple, носечките уреди како Apple Glass би можеле да донесат уште една милијарда членови во базата на Apple.

Најинтересно е прашањето дали Apple планира да постигне врвна iPhone продажба од 231 милиони iPhone уреди како во 2015 година. Во меѓувреме ќе чекаме додека Apple Glass да излезат во периодот од 2021 година до 2022 година.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.