Кој смартфон бренд е на врвот, а кој го надмина и Apple?

Објавено на 30.10.2020 19:01 во Рецензија


Кој смартфон бренд е на врвот, а кој го надмина и Apple?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Вториот квартал од годинава многумина сакаат што побрзо да го заборават од здравствен, но и економски аспект. Но, по завршувањето на карантинските месеци, економијата одново живна, а со тоа и потрошувачката и побарувачката за смартфони.

Со последниот пресек од повеќе аналитички куќи видливи се и резултатите кои ги остварија најдобрите смартфон брендови за периодот јули-септември.

Големо изненадување приреди Xiaomi кој успеа да го надмине Apple на третото место според бројот на продадени смартфони.

Компанијата која стои зад iPhone за прв пат по долго време излезе од топ 3 групата и овој пат ќе мора да се задоволи само со четвртото место. Според податоците падот на Apple во споредба со вториот квартал од годинава изнесува 1,2% додека пак споредено со истиот период лани падот е уште поголем и изнесува 10,6%.

Можеби овие бројки не се црвен аларм за Apple бидејќи разбирливо е за време на економска криза да падне побарувачката на премиум модели на смартфони, но ова е надолен тренд кој треба да послужи за дополнителни анализа за атрактивноста на iPhone смартфоните на годишно ниво кои се потешко успеваат да ги импресионираат корисниците.

Исто така за Apple треба да се потенцира дека постепено го враќа уделот на кинескиот пазар кој стана многу значаен по самиот свој обем за волуменот на продадени модели.

Тие услови ги искористи Xiaomi кој во вториот квартал од годинава успеа да продаде 46,5 милиони смартфони и да го освои трето место на топ листата. За Xiaomi ова значи раст од 4% споредено со претходниот квартал од 2020 година, додека пак годишниот раст е бомбастичен со 42% позитивна разлика.

За самиот врв продолжува битката помеѓу Samsung и Huawei. Корејците повторно го освоија врвот на мобилната индустрија со продадени импресивни 80 милиони смартфони или за речиси 30 милиони Galaxy уреди повеќе од Huawei. 

Samsung успеа да се врати на клучните пазари откако во март, април и мај имаше ограничени можности за своите продажни операции, пред се во големите пазари како Кина и Индија каде подобро котираа кинеските брендови со оглед на воспоставената продажба мрежа и блискоста за оперативни активности. 

Сега кога повеќе нема карантин и мерките за ограничување се намалени, Samsung повторно се враќа на врвот со 22,3% пазарно учество и стабилен годишен раст дури и во време на економска криза од 2,9%.

Huawei пак, постигна солиден успех во периодот јули, август и септември со 51,9 милиони продадени смартфони и со пазарно учество од 14,7%. Huawei бележи квартален пад на продажбата од речиси 4%, додека пак годишниот пад изнесува 22%.

Подолу на топ листата се неколку бендови од иста групација. Станува збор за кинеските марки Oppo, Realme и Vivo. 

Сите останати мобилни брендови заедно имаат 28,2% пазарно учество или за 2,4 % послаб резултат споредено со брендовите на врвот. На глобално ниво оваа година има пад од 1,3% на вкупниот број на продадени смартфони што е добар знак дека економијата се опоравува по неколку месечната криза. 

Тоа значи дека вкупно во светски рамки се продале 353,6 милиони смартфони или за околу 4 милиони модели помали од лани.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар