Шефот на Sony: Ќе се почека уште некое време за виртуелната реалност

Објавено на 02.11.2020 11:00 во Рецензија


Шефот на Sony: Ќе се почека уште некое време за виртуелната реалност

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Збогатено искуство со виртуелната реалност;

 

Negatives:

- Технологијата со виртуелна реалност се уште не е спремна за масовна потрошувачка;



Целата рецензија

Виртуелната реалност се уште не може да земе замав. Мислевме дека до овој момент веќе ќе се користи за масовна потрошувачка, како што беше порано случајот со 3D-технологијата, која се најавуваше како иднината за телевизијата.

VR не се покажа како мејнстрим технологија, затоа што има неколку проблеми за VR - најважни се цената и содржината, оти влегувањето во VR светот, односно купувањето на компјутер или посебен уред, прилагоден кон виртуелната стварност, не е евтино хоби. Содржината е поголем проблем од цената, оти се уште нема содржина, што ќе биде „killer апликација“ или игра, која ќе го освои пазарот и поради која луѓето ќе почнат да купуваат VR системи.

Се уште останува непредвидливо кога можеме да очекуваме таква технологија. Првиот човек на Sony тврди дека тоа нема да се случи во блиска иднина. Јапонската компанија веќе има уред во својата понуда за играње во виртуелна реалност PlayStation VR, но новиот PlayStation 5 нема да има VR во блиска иднина.

PlayStation верува во виртуелната реалност. Sony верува во виртуелната реалност и навистина веруваме дека во еден момент во иднината VR ќе биде значајна компонента за виртуелна забава. Дали ова ќе биде оваа година? Не. Дали ќе биде следната година? Не. Но дали тоа еден ден ќе го имаме? Веруваме во тоа“, вели Џим Рајан. 

Неговото размислување јасно покажува дека наскоро не треба да очекуваме премногу од виртуелната стварност. Но, ситуацијата би можела/треба да се промени со дополнително развивање на технологијата. Рајан вечи дека многу научиле од PlayStation VR и дека ќе биде интересно да се види каде ќе ги одведе тоа искуство во иднина.

Говорејќи за некои трендови што можеме да ги очекуваме со доаѓањето на PlayStation 5, вели дека очекува игри со интересни и богати приказни и наративни елементи што ќе бидат „помоќни и пореалистични“. Со петката така можеме да очекуваме синергија меѓу технолошкиот напредок и човечката способност за раскажување приказни и тоа ќе биде тренд што ќе се продолжи и понатаму.

Новата верзија на PlayStation на пазарот излегува уште од следниот месец, а среќниците што ќе бидат најбрзи со преднарачките ќе го добијат својот уред на 19 ноември.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.