Huawei Watch Fit: Смартчасовник што ќе ве тренира

Објавено на 10.11.2020 07:30 во Рецензија


Huawei Watch Fit: Смартчасовник што ќе ве тренира

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.9


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Може да одговорите на повик;
- Правоаголна форма;
- Многу функционалности за мерење на параметри за здрав живот;
- Кабел за полнење;
- Брзо полнење;
- Избор на изгледот на почетниот екран;
- Долготрајна батерија;
- Виртуелен тренер;

 

Negatives:

- Не можете да се јавувате на други;



Целата рецензија

Huawei Watch Fit е првиот смартчасовник на Huawei во правоаголна форма, и кој е доволно тенок и мал, што изгледа елегантно и на женска рака. Наменет е за сите што водат активен спортски животен стил, но истовремено сакаат да имаат часовник што изгледа доволно елегантно и во текот на работниот ден или вечерното излегување.

Првото што паѓа во очи е неговиот облик, кој е поинаков од досегашните смартчасовници на Huawei и изгледа како спојка на фитнес нараквица и смартчасовник. Токму тоа е најдобриот опис за овој уред. Да, има некои напредни функции, кои класичните фитнес нараквици немаат опции за пуштање музика, управување со музика на смартфон, далечинско креирање на фотографии, мерење на ниво на стрес, кислород во крвта, како и следење на менструалниот циклус на жените.

Huawei Watch Fit е пасивен смартчасовник, па на него не може да прифатите телефонски повик и да се јавите, туку само да проверите кој ве повикува и да одговорите на повикот.

Прегледно, јасно и компактно

Дисплејот е OLED со 1,64-инчи големина, кој е чувствителен на допир, со едно физичко копче од страната на часовникот. Копчето дефинитивно не би ви пречело доколку ја ставите раката во џеб. Huawei Watch Fit има кабел за полнење, со мал полнач на врвот, кој се спојува на часовникот и на полначот за вашиот смартфон. Самиот кабел е мал и лесен, па така е лесно да го ставите во џеб или чанта.

Батерија

Батеријата трае просечно по 8 часа, со 24-часовното користење и примањето на известувања од смартфонот, што значи и повеќе вибрации во текот на денот. Со помалку вибрации, батеријата со капацитет од 180mAh, би можела да издржи и десет дена. Предност е што за полнење му требаат околу 1 час, па дури и доколку не забележите дека батеријата ви е за полнење, нема да ви одземе многу време. 

Софтвер

Софтверот е смислен за да биде лесен за користење. Часовникот има 4GB меморија, што е доволно за нормално функционирање, дури и за уфрлување на десетина песни што ќе ги слушате во текот на вежбањето. Спојувањето со смартфонот поминало без никакви проблеми. Доволно е да ја отворите апликацијата Health на Huawei на вашиот смартфон и да ја споите со новиот носечки уред. После ажурирањето на часовникот со најновата верзија на софтвер, се ќе биде спремно за користење.

Вежбајте со виртуелниот тренер

Она што не воодушеви е опцијата за вежби. Се работи за анимирани вежби што се прикажуваат на самиот часовник, кои е едноставно да се следат. Од вежби за истегнување до поединечните делови на телото и разбудувањето после неколку часа седење на работата, па се до најинтензивните вежби. Дури и кога вежбите ни се познати, ваквото водено вежбање би било поинтересно. Часовникот со вибрација ни дава до знаење колку време треба да ја повторувате вежбата, така што не е неопходно цело време да гледате во неговиот екран.

Функционалности

Ако сакате да го прилагодите часовникот кон вашите лични потреби, Huawei има интересен избор за почетен екран, лицето на часовникот, што може да се менува: имате да ви покажува само основни податоци часовник и датум, лице со количество на батерија, број на чекори, отчукувања на срцето, надморска височина, потрошени калории и многу повеќе. Корисникот може да одбере што му се допаѓа најмногу. 

Заклучок

Главниот адут на Huawei Watch Fit е неговиот изглед и малата тежина, поради што ќе заборавите дека ви е на раката. Имате доволно опции за сите што рекреативно се занимаваат со спорт и сакаат да имаат смарт нараквица или часовник што ќе го следат нивниот напредок и да ги поттикнат во вежбањето, а истовремено ќе им помогне да останат поврзани и информирани за се што се случува околу нив.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.