Ќе ни ја земе ли работата вештачката интелигенција?

Објавено на 12.11.2020 17:41 во Рецензија


Ќе ни ја земе ли работата вештачката интелигенција?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Подобрување на животниот стандард на човекот со вештачката интелигенција;
- Раѓање на нови професии;

 

Negatives:

- Губење на работни места;



Целата рецензија

Вештачката интелигенција во поново време е многу жешка тема, често се раскажува за неа, пишува и се повеќе нови истражувања има. Само во последните 10 години, бројот на научни истражувања што се занимаваат со вештачка интелигенција се зголеми за дури 20 пати. 

Вештачката интелигенција има свои добри и лоши периоди, поточно развојот на вештачката интелигенција досега имала три златни периоди, а ние моментално живееме во третиот. Целиот златен период на вештачката интелигенција, е исполнет со наглиот развој на алгоритмите и методите, големи вложувања во таа област, решавањето на предизвиците за огромна дата база на податоци, зголемување на компјутерските капацитети и специјализираните компјутерски опреми, голем број на истражувања и големо внимание на медиумите и популарните култури.

Сите златни периоди се одраз на недостаток на наведените параметри.

Работа исчезнува, работа никнува

Луѓето се плашат кога станува збор за вештачката интелигенција, со тоа што нивните работни места ќе ја преземат таа технологија, но професорот Шатен најдобро аргументира против тоа и против развојот на настаните.

Поради напредокот на технологијата и новите машини што се појавија поради новата технологија, одредени професии со текот на времето исчезнаа.

Нагласокот овде е кај фактот што тие работни места не исчезнаа преку ноќ и дека отсекогаш станувало збор за процесот и прилагодувањето на новиот пазар на трудот. Со појавата на новите машини за перење алишта, жените престанаа да перат на рака, а со автоматизацијата на работата на лифтот, исчезна и работата на операторите со лифтот, а со тоа и појава на нови машини и создавање на нови работни места на производни ленти, итн.

Технолошкиот напредок отвори и нови работни места, на пример - community менаџер, кој стана неопходен за сите социјални мрежи за многу кратко време. Тука се e-спортистите, инфлуенсерите од сите можни видови, кои на различните социјални платформи, своите профили или видео канали полни со содржина, од што заработуваат поради големиот број на корисници на социјалните мрежи што ја прегледуваат содржината. Да не ја спомнуваме експлозијата со работни места во целиот ИТ сектор, оти целата оваа технологија мора некој да ја одржува и да ја подобрува.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.