Како да направите транзиција од Windows на Mac OS Big Sur?

Објавено на 22.11.2020 13:35 во Рецензија


Како да направите транзиција од Windows на Mac OS Big Sur?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Apple неодамна претстави повеќе нови Mac лаптопи и компјутери, а со нив и сосема нова верзија на оперативниот систем Mac OS Big Sur кој нуди неколку новитети и функции практично позајмени од мобилната верзија на оперативниот систем iOS за „помазно“ софтверско опкружување во светот на Apple корисниците.

Со оглед на тоа што новите Mac уреди ќе бидат купени и од страна на корисници кои досега поседувале Windows лаптоп или таблет, Apple лансираше и нова прилагодена верзија на софтверската алатка Windows Migration Assistant која служи за транзиција од Windows кон Mac уред.

Надградбата на Windows Migration Assistant сега е прилагодена и за новата верзија на Mac OS Big Sur со што значително ќе ви се олесни транзицијата од претходниот Windows компјутер кон новиот Mac модел.

Најпрво треба да ја симнете алатката Windows Migration Assistant  за Mac OS Big Sur, да одберете кои фајлови и податоци сакате да ги сочувате, и да одберете метод за плаќање во Apple iTunes за подоцнежно поврзување со вашата iCloud корисничка сметка. 

Со алатката Windows Migration Assistant може да ги пренесете сликите, документите, сите податоци од календарот, мејловите, пораките, контактите, апликациите и сетинзите на новиот Мac компјутер. Migration Assistant може да се користи во било кое време бидејќи е дел од Utilities фолдерот внатре во фолдерот за апликации. 

За да го направите трансферот потребно е вашиот стар или претходен компјутер да биде поврзан на иста мрежа со новиот Mac и да го започнете процесот веднаш штом го правите новиот сетап. Еден краток совет е исто така да ја избришете апликацијата OneDrive од Windows уредот и штом го завршите транферот ако го користите и понатаму повторно да ја инсталирате. 

Исто така треба да ги исклучите во тој момент сите Windows апликации кои се отворени. Уредите штом се поврзат на иста мрежа или преку мрежен кабел транферот го потврдуваат преку паскод. По завршување на трансферот на вашиот нов Mac уред ќе треба да креирате корисничка сметка и лозинка. 

Новиот Mac OS Big Sur нуди подобрена работа на Safari со помало трошење на батеријата, има нов контролен центар кој потсетува на iOs, нуди поголема заштита на приватноста, како и поддршка за 4K видеа на YouTube. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар