WhatsApp тоне под водството на Facebook?

Објавено на 23.11.2020 20:36 во Рецензија


WhatsApp тоне под водството на Facebook?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

WhatsApp некогаш важеше за една од најбезбедните мобилни апликации за дополнување и заштита на содржините на пораките, но откако е во сопственост на Facebook се чини дека иновациите се повеќе изостануваат додека конкурентите одат несопирливо напред.

Новите потези на раководството на Facebook компанијата зачудија многумина. Речиси сите новитети преку софтверските надградби беа наменети исклучиво за мобилната апликација Facebook Messenger, наместо истите да бидат првично или барем  истовремено лансирани и за WhatsApp мобилната апликација.

Од една страна јасно е дека Цукерберг сака да ја подобри репутацијата на примарните сервиси како што се Facebook и Facebook Messenger, а потоа да го развива по ќе сертфолиото, но сите очекуваа дека WhatsApp ќе се развива паралелно и независно од овие процеси.

Сега гледаме дека таа најавена стратегија не се исполнува во целост. WhatsApp не е сервис како останатите социјални мрежи, туку првично стана популарен како доверлив извор на допишување во деловниот и бизнис свет.

Корисниците на WhatsApp токму поради целосната енкрипција од еден до друг крај на разговорот имаа доверба во апликацијата и ја користеа пред се допишување со колеги или бизнис соработници, се користеше во новинарските и невладините кругови. 

Во меѓувреме се повеќе корисниците се вртат кон алтернативни апликации како што се Signal и Telegram иако иам уште десетина други одлични извори кои не се толку популарни.

Во меѓувреме Facebook Messenger, апликацијата која никој не ја сметаше за сериозен извор на доверливост, сега ја нуди новата опција Vanish mode. Со неа лороамцооре може да изберат нивните пораки автоматски да се избришат од разговорот откако ќе бидат примени или прочитани во различни временски интервали.

Facebook Messenger исто така нуди и опција за secret chat и пораките на овој начин може помеѓу двајца соговорници да се избришат односно исчезнат по одредено време.

WhatsApp за волја на вистината веќе нуди пораки кои може автоматски да се бришат, но интервалот е избор од само една недела, додека конкурентите имаат интервали од 5 секунди до 7 дена.

Со седмичното бришење на пораките на WhatsApp повеќе се мисли на менаџирање на инбоксот за да нема потрупување со веќе стари и поминати разговори и пораки, но не се дава голем избор на тие корисници кои повеќе се насочени кон тоа да испратат порака која треба брзо да се прочита и потоа да ја "снема" од дигиталната трага.

WhatsApp има голем број на функции кои никако да ги воведе, како на пример бришење на линковите и мултимедијата откако корисникот ќе го напушти чатот или групниот разговор, па се до побезбедна cloud поддршка за сочувување на податоците до кои никој ќе нема пристап и помала зависност од внатрешната меморија на уредот на корисникот.

WhatsApp исто така се повеќе размислува како ќе ја монетаризира платформата со над 2 милијарди корисници и да ја "изработи" инвестицијата од Facebook вредна како влог од 16 милијарди американски долари.

Со бавното воведување на иновации WhatsApp е во ризик да влезе во групата на уште една апликација за социјална мрежа и со најавените промени за целосна интеграција помеѓу Facebook и Instagram се помалку ќе потсетува на апликацијата кој ќе некогаш постоеше.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар