Има ли потреба од нова Call of Duty секоја година?

Објавено на 25.11.2020 19:00 во Рецензија


Има ли потреба од нова Call of Duty секоја година?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Да започнеме веднаш со одговорот на ова прашање, и да и не. Да, очигледно затоа што се уште има фанови кои се заинтересирани исклучиво за сингл режимот на мисии, не затоа што со додавање на нови сезони во Dangerzone е доволно да се задоволи базата на даноци кои исклучиво се заинтересирани за мултиплеер режимот на играње.

Затоа лансирањето на Call of Duty Cold War покажува дека нова игра годинава со целосна стандардна цена од 60 евра и не баш најдобро решение.

Activision се уште не сака да пушти срце и да дозволи како Fortnite или PUBG основната игра да биде бесплатна, влезот за новата сезона да се доплаќа, но и тие кои не сакаат да плаќаат екстра пари да уживаат во основната понуда.

Затоа се чини и дека Cold War не вреди за целата сума од 60 евра како нов наслов. Тука се мисли пред се на тоа што основната игра има мал број на сингл мисии, а содржината за мултиплеер е меѓу најмалите досега споредено со бројни наслови од минатото.

Cold War во делот за мултиплеер ќе биде надградување на Call of Duty Dangerzone што значи дека сите претходни содржини гејмерите ќе ги задржат. Проблемот е што во самиот старт има само вкупно 39 нови оружја. Нови мапи за останатите модови во мултиплеер кои не се Dangerzone се само 8, што значи дека изборот за интеракции и соочување на гејмерите се ограничувачки, барем додека не стигнат надградбите во наредните месеци.

Call of Duty е како веќе досадните спортски франшизи на Electronic Arts, секоја година добиваме нова FIFA или NBA, но освен трансферите на играчите во соодветните клубови, нема ништо суштински ново во гејмплејот и интерактивноста на играта.

И натаму сингл режимот на мисии е премногу линеарен, со однапред утврдени сцени и одлуки врз кои самиот гејмер е повеќе сведок или гледач отколку активен субјект, некој чии одлуки во играњето имаат последици врз изградениот свет на видео играта и нејзината приказна.

Затоа со Cold War не добивате нешто спектакуларно ново. Арената за последен жив гејмер во Dangerzone и натаму е иста, па ако не ви се потребни скинови кустумизации и натаму ќе може да ја играте бесплатно, но ако сакате нешто повеќе сепак, ќе мора да ја платите Cold War на Activision.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар