Бил Гејтс: Треба да платиме мала цена за да ни биде подобро

Објавено на 29.11.2020 11:00 во Рецензија


Бил Гејтс: Треба да платиме мала цена за да ни биде подобро

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Редовно миење раце според Бил Гејтс ќе помогне да се спречи ширењето на вирусот;

 

Negatives:

- Многумина не се придржуваат до правилата за носење маска и миење раце;



Целата рецензија

Ситуацијата во бројни европски земји се влоши толку многу, што во некои е воведен и полициски час. Германија и Франција имаат делумен lockdown. Изгледа ситуацијата ни бега од контрола и дека сме прилично немоќни пред пандемијата. Можеме само да се прашуваме каков период не очекува во следните неколку месеци.

Не можеме да ја контролираме ситуацијата, но постојат неколку правила до кои можеме да се придржуваме со цел да придонесеме во борбата против коронавирусот. Тие правила ни се познати и ги слушаме веќе долго време, а се однесуваат на одржување на дистанца, маски и миење на раце, до кои многумина не се придржуваат. Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот, со години предупредуваше за неспремноста на светот од ваква пандемија. Кога навистина сега дојде до тоа, многумина го прогласија за виновник за вирусот.

Тој ги критикува луѓето што не носат маски на затворени и јавни места, тврдејќи дека тоа е навистина мала цена што мора сите да ја платиме во борбата против SARS-CoV-2 вирусот и болеста COVID-19.

Се што имаме е нашето однесување, ја нагласува одговорноста на секој поединец и само одговорно однесување и придржување до тие правила ќе помогне да се врати животот колку-толку во нормала пред да стане вакцината достапна. Таа очигледно е единствениот начин со којшто би можеле да ја спречиме пандемијата со новиот коронавирус.

Гејтс вели дека луѓето се веќе изморени од цела ситуација и дека на јавниот простор се шират погрешни пораки. Многумина не сакаат да се откажат од своето однесување и да стават маска во затворени простори. Во многу држави, особено во САД, маските се претворија во политичко и идеолошко прашање, а не само здравствено.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.