Предностите на 5G: Големи брзини и мала латентност

Објавено на 30.11.2020 11:40 во Рецензија


Предностите на 5G: Големи брзини и мала латентност

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- 5G интернетот нуди огромни брзини и ниска латентност;
- Револуција со телемедицината;

 

Negatives:



Целата рецензија

Најмногу се зборува за големата брзина и малата латентност, но постои уште една голема предност на 5G мрежата. Корисниците со 5G поддршка може да ги искористат сите предности на мобилната мрежа од новата генерација и да сурфаат со големи брзини на своите смартфони.

За некои 5G мрежата е спорна, додека експертите се согласуваат дека 5G ќе донесе револуција и бројни нови можности во различни индустрии, од телемедицината, транспортот, образованието, итн.

Постои уште една предност кај оваа мобилна мрежа, за која многумина не знаат, а тоа е енергетската ефикасност на 5G инфраструктурата. Како и останатите индустрии, телекомите исто така се под предизвик за намалување на јаглеродот, т.е. емисијата на штетните гасови, додека истовремено се очекува и зголемен сообраќај. Токму 5G би можел да биде едно од оружјата во борбата против климатските промени и исполнувањето на зацртаните цели во нултата емисија на штетни гасови до 2050 година.

На Forbes се нагласува дека заштедата со 5G мрежата би била многу поголема, благодарение на фактот што кога нема сообраќај, базните станици може привремено да се исклучат, односно да хибернираат и да се разбудат кога некој уред ќе се приклучи на нив. Базните станици се одговорни за дури 57% од просечната потрошувачка на енергија на телекомот, а интересно е што станиците од постарите генерации трошеа само до 20% од енергијата за пренос на податоци, додека останатата потрошувачка се однесуваше на губењето на топлина, батериски единици, неефикасно ладење и друго. Со 5G таа потрошувачка може да се намали за 40%.

Најголемиот потенцијал на 5G во борбата против климатските промени и енергетска ефикасност, не лежи само во намалувањето на емисијата на стакленички гасови во телеком индустријата, туку ќе овозможи и енергетска ефикасност и ќе влијае на намалувањето на јаглеродот во воздухот. Со користењето на модерните технологии, како што се edge и cloud computing, напредната аналитика базирана на вештачка интелигенција и други технологии, 5G овозможува платформа благодарение на која индустријата и градовите може да станат енергетски ефикасни.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.