Може ли вештачката интелигенција да ги замени учителите? Не баш

Објавено на 30.11.2020 13:24 во Рецензија


Може ли вештачката интелигенција да ги замени учителите? Не баш

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Олеснување на административната работа на учителите;

 

Negatives:

- Вештачката интелигенција не може да го замени учителот целосно;



Целата рецензија

2020 година беше голем предизвик за образованието и покажа колку технологијата стана важна во образованието. Д-р Вејн Холмс годинава имал виртуелно предавање на темата "Artificial Intelligence and Education. Promise and Implications for Teaching and Learning". Тој се осврнува на вештачката интелигенција во образованието, кој појаснува што точно вештачката интелигенција и како можеме да се учиме со вештачката интелигенција.

Уште на самиот почеток истакнува дека еден од проблемите со вештачката интелигенција е факт дека тешко може да се дефинира оти таа постојано се менува. Вештачката интелигенција не се роботи или некаков систем од научно-фантастични филмови. Вештачката интелигенција е толку длабоко влезена во нашите секојдневни животи, што и не ја забележуваме.

Д-р Холмс предлага дефиниција за која вели дека вештачката интелигенција е „компјутерски систем дизајниран за интеракција со светот преку способности и однесување што ги поврзуваме првенствено со луѓето“. Појаснува дека не постои само една вештачка интелигенција, туку таа се развива на неколку нивоа. Пред се, тука е „тесно развиената вештачка интелигенција“, која се фокусира на одработување на некоја работа и во тоа е брилијантна, но не знае да работи ништо друго. Потоа, тука е „општата развиена вештачка интелигенција“, која треба да биде добра во се што прави и на крај „супер вештачката интелигенција“, која треба сама да функционира и да се развива, но таа е присутна само во филмовите и научната фантастика.

Брзо се развива вештачката интелигенција во последно време, затоа што имаме брзи компјутери што обработуваат големи количини на податоци што сме ги креирале, оти имаме рафиниран пристап преку алгоритмите, а сето тоа ја покренува областа на машинското учење, што не е вештачката интелигенција, туку нејзината под-област. Токму таа област, машинското учење, го остварува најголемиот напредок, вели д-р Холмс.

Интересно е што вештачката интелигенција во образованието се користи уште од 1920-те години. Звучи неверојатно, но уште од тогаш имало машини што применувале рудиментарна вештачка интелигенција, т.е. основните алгоритми.

Вештачката интелигенција што денес може да се користи во образованието е понапредна. Може да се користи во административниот дел, каде автоматизирани системи ќе бидат задолжени за организација на наставата (изработка на распоред), следење на посетување настава, предупредување ако некои од учениците не се присутни и слично. Од друга страна, посетувањето на настава може да се олесни за учениците преку интеракција со четботови и виртуелни асистенти, кои може да им даваат релевантни информации за нивниот распоред, рокови за предавање на работи или измени во наставата.

Вештачката интелигенција може да се искористи и во самото оценување за знаењето на ученикот. Напредните алгоритми сега може да проверуваат дали ученичката работа е плагијат или оригинал. Тука се и бројните апликации за учење на странски јазици, математика, физика, хемија и останати предмети кои е возможно да се учат преку интеракција со алгоритми, односно вештачката интелигенција.

Не е баш точно дека вештачката интелигенција е „подобра од луѓето“, вели д-р Холмс. Вештачката интелигенција има потреба од луѓе. Треба да ги одберат и да ги прочистат податоците, да ги означат податоците што вештачката интелигенција понатаму ќе ги користи. Оти таа не може сама тоа да го направи. Затоа д-р Холмс го поставува прашањето, зошто воошто ја користиме вештачката интелигенција?

Од една страна, вештачката интелигенција може да биде исклучително корисна како помош во учењето, пренесување на знаењето и заедничката работа и учењето. Но, вештачката интелигенција нема да ги замени учителите и професорите. Барем не во блиска иднина.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.