AirPods Max се одлично дизајнирани и доаѓаат со оригинал Smart Case

Објавено на 09.12.2020 17:22 во Рецензија


AirPods Max се одлично дизајнирани и доаѓаат со оригинал Smart Case

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Високо квалитетен звук со нивелирање на бучавата;

 

Negatives:



Целата рецензија

Apple ги претстави новите слушалки, кои за разлика од веќе добро познатите AirPods, не влегуваат во увото, туку целосно го прекриваат. Како што истакнуваат на претставувањето, AirPods Max се опремени со технологија за поништување на бучавата, но и со „прилагодлив акустичен дизајн“, чип H1 и напреден софтвер што би требало да гарантира уникатно искуство за слушање на музика.

AirPods се најпопуларните слушалки на светот. Со AirPod Max ви го носиме AirPods искуството во новиот дизајн со висококвалитетен звук, истакнува Грег Јозвајк од Apple. Секој дел од AirPods Max е внимателно осмислен за да овозможи уникатно акустично искуство за секој корисник. 

Посебно внимание е посеветено на перничињата што доаѓаат над ушите, со цел да бидат удобни за долготрајно носење, да го намалат притисокот врз главата, а истовремено да ги филтрираат и звуците од околината. Кон тоа ќе придонесе и опцијата "Transparency Mode", која му овозможува на корисникот истовремено да слуша содржина на својот уред, но и да слуша звуци од околината. 

"Spatial Audio" технологијата овозможува длабочина на сите звуци, без оглед на тоа каде корисникот во тој момент се наоѓа и што прави.

Apple истакнува дека AirPods Max автоматски се детектира коа се наоѓа во главата на корисникот, благодарение на оптичките и просторните сензори. Штом се наместат на главата, може да почнат со репродукција на содржината, но исто така и автоматски ќе прекине ако детектираат дека не се на корисникот на ушите.

AirPods Max ви обезбедува до 20 часа слушање на мултимедија или примање на разговор, се полнат преку класичен Apple Lightning кабел, а кога не се во употреба корисниците може да ги соберат во специјален Smart Case што ќе ги стави во процес на штедење на батеријата. 

Apple соопшти дека AirPods Max ќе бидат достапни во пет различни бои и 25 одбрани пазари од 15 декември за цена од „само“ 549 долари. Повелете, почестете се за Нова година, доколку имате вишок во паричникот.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.