Huawei P Smart 2021 – Достапен смартфон за новата генерација

Објавено на 11.12.2020 09:56 во Рецензија


Huawei P Smart 2021 – Достапен смартфон за новата генерација

Оцени

usability
8.5


Перформанси
8.5


Цена
9.5


Камера
8.5


резултат
8.8


Наши забелешки

Positives:

 

- Достапна цена

- Балансирани перформанси за вложеното

- Огромен и прегледен дисплеј

- Симпатичен дизајн

 

Negatives:



Целата рецензија

2020 како година која што побрзо сакаме сите да ја заборавиме доаѓа до својот крај. Оптимистички и брендовите на мобилна технологија побрзаа да ги промовираат своите нови уреди од 2021 генерацијата кои веќе се достапни и на македонскиот пазар. Еден од нив, како симбол за посветла и подобра година несомнено е Huawei P Smart 2021, новиот смартфон сместен во основната средна класа со бројни адути на кои би му позавиделе и поскапи модели.

Освежување во основната средна класа

Huawei P Smart 2021 е и предмет на нашата серија на рецензии „Повеќе од спецификација“. Мотивирани од убавиот доцноесенски ден, нестрпливи да излеземе на чист воздух, се упативме на Козјак, една од омилените дестинации на младите од Скопје. Над градскиот метеж и срамежливото сонце, имавме одлична можност да го тестираме Huawei P Smart 2021 со сите негови предности.

Huawei P Smart 2021 уште на почетокот ни покажа дека многу вреди за парите. За него треба да вложите само 200 евра, а може да го најдете во сите ланци за продажба на електроника во земјава, како и во понудите на мобилните оператори.

Овој нов мобилен уред уште од првото ракување ќе забележите дека е доста квалитетно изработен, има квалитетна градба и не се чувствуваат никакви недоследности во задниот дел од маската. Huawei P Smart 2021 тежи околу 200 грама, има минимални рамки околу екранот, блага заобленост на рабовите и многу е комотен за држење како и носење во џеб, ранец или ташна.

Во нашите раце се најде Crush Green нијансата на Huawei P Smart 2021 која е многу симпатична, му дава особена впечатливост, има прелевање на бои и отсјај на задниот дел за интересен ефект при различна надворешна светлина и може да се каже дека е доста уникатна, различна од претходни или слични понуди.

Првото изненадување дојде со самата големина на екранот на Huawei P Smart 2021. Го споредивме со Samsung Galaxy Note 10 Lite и забележавме дека за нијанса има дури и поголема работна површина. Практично со 6.7 инчен IPS LCD дисплеј добивате големина на фаблет, што ќе ви овозможи голема прегледност, удобност при читање на текстови и пишување на пораки.

Софтвер со кој ништо нема да ви недостасува

Тоа што многумина сега ги интересира е како смартфоните на Huawei се справуваат без пристапот до апликациите од Google Play Store. Huawei P Smart 2021 во оваа категорија нема никакви ограничувања бидејќи се потпира на сопствената Huawei AppGallery како дестинација за инсталирање на апликации и игри. AppGallery постојано се проширува со нови сервиси, а добрата вест е што таа иницијатива ја прифаќаат и многу македонски апликации, односно оператори, банки, институции, организации и бизниси кои своите мобилни решенија ги прават директно достапни за корисниците на Huawei.

Исто така корисниците може да се потпрат и на алатката Petal Search која овозможува пронаоѓање на APK фајлови за надворешно инсталирање на мобилни апликации и игри, а притоа нуди висок степен на безбедност на корисници од малициозен софтвер, па е потполно сигурна за користење.

Дел од сервисите кои лесно може да ги инсталирате на Huawei P Smart 2021 преку AppGallery или Petal Search се Instagram, Messenger, Snapchat, Twitter, Viber, WhatsApp, Facebook и уште многу други.

Од македонските апликации достапни се Мој ДДВ, мобилните апликации на мобилните оператори Македонски Телеком и А1 Македонија, AirCare, на повеќе комерцијални банки, компании за е-трговија и итн.

За повеќето стандардни апликации на Google има и соодветни замени, а доколку сакате нив да ги користите Petal Search ќе ве упати на нивната интернет мобилна верзија. Ние се логиравме на YouTube, поставивме икона на почетниот екран за брзо активирање и без никакви пречки можевме да гледаме и аплоадираме видеа на нашиот канал на telefoni.mk.

Перформанси за новата генерација

Huawei P Smart 2021 работи со осум-јадрен Kirin 710 процесор од А серијата со Cortex-A73 и Cortex-A53 14nm архитектура кој е внатрешно развиен и изработен од Huawei. Овој процесор е направен да одговара на потребите на смартфонот на Huawei па може да се очекува високо ниво на оптимизација, поддршка за брзо полнење на батеријата, висока резолуција на видео содржините и стабилен гејминг.

Huawei P Smart 2021 во поглед на перформанси нема никакви недостатоци, и нема да ве остави на цедило. Располага со 4 GB RAM сосема доволни за повеќе активности во позадина и нивно вклучување во момент кога вас ви се потребни, како и 128 GB основна вградена меморија за складирање на сите ваши фајлови и податоци.

Со огромната батерија со капацитет од 5000 mAh може комотно да работите без престан бидејќи смартфонот нема да се „исцеди“ така лесно, а тоа подразбира активно користење на апликации, интернет алатки, правење слики и видеа, гледање стриминг сервиси, слушање музика, користење на фитнес софтвер и итн. Уште поголема предност е тоа што батеријата се полни многу брзо, односно полначот со 22.5W за само 30 минути вклучен во струја стигнува и до половина исполнетост на батеријата, односно доволно за работа во текот на целиот ден без никакви потфрлања.

Идеален смартфон за млади како исплатлив уред за вложеното

Huawei P Smart 2021 би бил идеален смартфон за помладата генерација бидејќи има доволно хардверска моќ за исполнување на сите задачи, а притоа ниската цена не е направена со компромиси во дисплејот и камерата. Тоа значи дека со Huawei P Smart 2021 на располагање имате функционален смартфон во секој поглед, од убав и прегледен дисплеј, камера со солидни перформанси, како селфи шутерот така и главната Quad AI камера на задната страна. Сигурно ќе уживате во креирање на фотки и содржини за социјалните мрежи за споделување со вашите пријатели и следбеници.

Huawei P Smart 2021 е смартфон кој го заслужува вашето внимание и се надеваме дека со оваа рецензија ви помогнавме подобро да се запознаете со него.

Продолжете да ја следите видео серијата „Повеќе од спецификација“ на YouTube, како и во делот за видеа на Facebook страната на telefoni.mk.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар