Коронакризата значително ја забрза дигитализацијата, но не за сите

Објавено на 12.12.2020 07:30 во Рецензија


Коронакризата значително ја забрза дигитализацијата, но не за сите

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Намалени трошоци со дигитализацијата и зголемена комуникација;
- Олеснето и брзо деловно поврзување;
- Напредување и забрзување на иновациите во технологијата;

 

Negatives:



Целата рецензија

Пандемијата со коронавирусот за некои компании беше најдобро време за дигитализација на работењето. Тоа оти дел од пазарот беше приморан на такви промени. Податоците покажуваат дека трендовите поврзани со дигитализацијата не се промениле, туку само се забрзале. Факт е дека дигитализацијата поминала толку брзо во сите индустрии.

Коронакризата само го забрза процесот на дигитализација, кој е одамна започнат. Поради новите услови компаниите и луѓето беа приморани да го имплементираат промените за краток рок. Ако ја опишеме 2020 година со еден збор, тоа дефинитивно би била - иновации. Буквално преку ноќ бизнис светот ги пренасочи своите процеси и го забрза преминувањето од дигиталните системи на комуницирање и работење. 

Во секторот на маркетинг рекламирањето се насочи кон онлајн, токму затоа што и продажбата на производите и услуги се фокусираше онлајн. Трендот што се продоллжува е поедноставување на производите и автоматизацијата на процесот, со цел истите поедноставно да се рекламираат и продаваат. Продажбата и маркетингот имаат исти цели, сега најмногу од било кога, а тоа е зголемувањето на приходите на компаниите.

Пазарот на микромобилноста е во раст во цела Европа, затоа нема проблеми со продажбата. Најголемите предизвици се внатрешните капацитети, односно наоѓањето на квалификуваната работна сила. Се уште се истражува во истражување и развој на ефикасноста.

Одредени бизниси имаа проблем со испораката на робата поради затварање на границите на почетокот. Поради тоа има зголемена потреба од систематизација и дигитализација на продажбата. Иднината на рекламирањето е во креирањето на атрактивна содржина, што на креативен и новинарски интересен начин ќе се презентираат производите и услугите.

Дигитализацијата на комуникацијата навлезе во сите бизнис процеси, па така денес клиентите организираат онлајн евенти, состаноци и вебинари, додека пред само неколку месеци беше незамисливо да се следи конференција преку компјутер или мобилен уред.

Денес веќе не се прават тренинзи за јавни настапи, туку се едуцираат луѓето од корпорациите како да комуницираат во четири ѕида преку онлајн апликација, на кој начин да се уреди позадината, како да се истакнат и како да се остави добар впечаток. Благодарение на технологијата, со новите услови на работа имаме можност да комуницираме, затоа што во спротивно би имале голем проблем. 

Новото нормално е прифаќање на новите процеси на работа и забрзано преминување кон агилно и дигитално работење со прифаќање на технолошките иновации како неопходни за напредокот во работата.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.