Што е за вас телефонот - корисен уред за комуникација или скапа играчка?

Објавено на 18.12.2020 10:01 во Рецензија


Што е за вас телефонот - корисен уред за комуникација или скапа играчка?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Телефонот е корисна алатка за тој што знае да ја користи;

 

Negatives:

- Телефонот може да биде и скапа играчка;



Целата рецензија

Секогаш се зборува за нашата зависност од смартфоните, која варира од човек до човек. Што значи тоа? Некој работи на смартфон и кога ќе си дојде дома не го допира воопшто за приватни работи, или пак некој има работа поврзана со нешто друго што не смее да допира телефон на работа, па кога ќе си дојде дома се забавува со игри или социјални мрежи.

Затоа, се зависи од каков тип на корисник се работи. Телефонот го има достапно и како скапа алатка со цена од над 1000 евра. Во денешно време имаме и многу блогери, а ги има и оние што копнеат да станат блогери, па си купуваат „скапа играчка“ со супериорна камера, голем дисплеј и неприкосновени перформанси.

Без телефон во денешно време, тешко може да се функционира, без разлика каде и да одите, во банка за да дадете лични податоци, во продавница за бела техника или на друго место, обавезно ви бараат контакт број, а на некои места бараат и алтернативен контакт број. Доколку не сте достапен на телефонски број, едноставно нема да постоите во системот.

Добро, навлеговме подлабоко во темата, но во споредба со поранешното време, сега навлегуваме во смарт ера, која на многу Македонци им е незамислива, а напредните светски технолошки спремни земји веќе имплементираат нови софистицирани системи. 

Тинејџерите, се разбира, ги користат телефоните како играчка за TikTok, со цел да се забавуваат. Како и да е, многу родители им ги овозможуваат телефоните со цел да може да се надградуваат за да стекнат подобар осет за работа со телефони. Се разбира, секој родител се надева дека детето ќе му биде успешно и затоа им го овозможува најдоброто што може. 

На просечен човек што му треба? Добра камера, да ѕвони, да праќа пораки и да се користи за интернет, и да се јавува преку апликациите на интернет на оние што се надвор од земјава. За таа цел може да ви послужи и телефон до сума 5000 денари. Знаете ли каква намера имал Стив Џобс кога го претставил првиот смартфон со екран на допир? Не сакал да станеме зависни на смартфоните, туку тој го креирал iPhone за да ги поврзе на луѓето.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.