Како да си ја вратите контролата над вашиот iPhone?

Објавено на 20.12.2020 18:26 во Рецензија


Како да си ја вратите контролата над вашиот iPhone?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Детален водич за безбедносни прилагодувања на вашиот iPhone

 

Negatives:



Целата рецензија

Смартфоните денес носат толку важни информации за еден корисник, што подобро е да го изгубите паричникот, отколку телефонот. Во одредени случаи пак, корисникот самиот може да даде одредено ниво на пристап до корисник, како на пример член од семејството или партнер. Доколку пак, се предомислите, или личноста која добила пристап повеќе нема добронамерни цели, тогаш враќањето на целосната контрола над вашиот iPhone може да биде тешка, но не и невозможна задача.

Затоа Apple објави детален водич за пристап до уредот и податоците кога личната безбедност на корисникот е доведена во опасност и дава одлични насоки за различни видови на сценарија и можни решенија.

Направете update на вашиот уред

Ажурирањето на вашиот софтвер е една од најважните работи што можете да ги направите за да го заштитите вашиот уред и вашите информации. Корисниците на Apple уреди со iOS 12 или понова верзија на оперативниот систем може да постават автоматска надградба на софтверот што ќе обезбеди дека постојано ќе ги имаат најновите заштити и закрпи на безбедносните пропусти.

Ресетирање на „фабрички“ сетинзи

Factory reset односно враќањето на сите сетинзи на уредот како од фабричко ниво, е многу корисна алатка, особено кога треба да направите повеќе промени на пермисите или уредувањето на самиот смартфон. Доколку се сомневате дека некој друг има пристап до вашиот iPhone, најпрво направете back up на сите неопходни податоци и фајлови и потоа целосно избришете го смартфонот со што автоматски ќе се направат сите посакувани промени.

1. Одете во менито Settings > General > Reset потоа притиснете ap Erase all Contents and Settings;

2. Внесете го вашиот паскод или Apple ID пасворд;

3. Почекајте целосно да се избрише вашиот уред.

Осигурајте го вашиот паскод

Доколку се сомневате дека некој го знае вашиот паскод, истиот може да го промените кај iPhone X или понови модели со Face ID, во менито Settings > Face ID & Passcode. Тука може да одберете повеќе опции откако вашиот идентитет ќе биде потврден со Face ID или преку скенерот за отпечатоци Touch ID. Може да ја исклучите целосно можноста за отворање на смартфонот со паскод, истиот да го промените со внес на ново шестоцифрен број, да дозволите пристап до одредени функции и нотификации или пак целосно да ги избришете поставените податоци по десет неуспешни обиди за „брутално“ влегување со паскод комбинации. Оваа последна опција ако е активирана, во тој случај враќањето (restore) на смартфонот ќе се врши преку компјутер односно надворешен уред.

Заштитете го вашиот Apple ID

Вашиот Apple ID е лична сметка што ја користите за да се најавите на вашиот уред и да пристапите до сервисите на Apple. Тука се вклучени апликации и сервиси како App Store, iCloud, iMessage, FaceTime и Find My Phone, и лични информации што ги чувате со Apple и ги споделувате на сите уреди, како контакти, информации за плаќање, фотографии, бекап на уредот и многу повеќе. За да го заштитите вашиот Apple ID треба да преземете неколку чекори:

1. Не ја споделувајте лозинката за вашиот Apple ID кориснички налог, ниту со членови од семејството бидејќи на тој начин давате на други целосен пристап до вашите содржини, контакти, слики, пораки, фајлови и итн. Наместо со тоа може да ја користите функцијата Family Share без да ги споделите личните податоци за логирање на Apple ID за користење на одредени сервиси како Apple Music и слично.

2. Користете двостепена автентикација за вашиот Apple ID со тоа што вториот уред од каде ќе пристигнува кодот за верификација треба да биде под ваша контрола и да имате целосна доверба дека само вие ќе може да го видите и внесете кодот за потврда при логирање или други клучни активности.

3. Следете ги сите известувања кои ви стигнуваат преку e-mail, текст или push нотификации за промени на вашиот Apple ID налог за да може навреме да реагирате доколку се случат непосакувани промени.

Доколку сметате дека вашата лозинка е компромитирана истата треба веднаш да ја промените одбирајќи силна комбинација од најмалку од 8 карактери, проверете ги сите параметри на налогот, од корисничко име, e-mail, до телефонски број.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар