Како да се осигурате дека никој нема да ве следи на вашиот iPhone?

Објавено на 23.12.2020 20:51 во Рецензија


Како да се осигурате дека никој нема да ве следи на вашиот iPhone?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Apple е еден од мобилните и технолошки брендови кој својата позиција на пазарот ја гради како компанија која нуди висок степен на заштита на приватноста и податоците на корисниците, односно дека не ги користи како бизнис модел за заработка од пласирање на реклами или продавање на нивните податоци на трети страни како meta data.

За да ги увери корисниците во сериозноста на намерите Apple неодамна лансираше целосен детален водич за безбедноста на корисниците и нивните кориснички налози, а дел од водичот е наменет и за заштита на локацијата која може да се открие преку iPhone, односно до неа да имаат пристап различни апликации кои секојдневно ги користиме.

Како да проверите кој може да ја види локацијата на вашиот iPhone  и како да се осигурате дека никој не може да ве следи. Еве што советува Apple:

Целосно исклучување на Location Services

Доколку сакате може целосно да ја исклучите опцијата за споделување и следење на вашата локација преку iPhone со тоа што треба да ги преземете следните чекори.

• Одете во менито Settings > Privacy

• Стиснете на менито Location Services на врвот и притиснете го копчето за исклучување Turn Off  за потврда

• Треба да имате во предвид дека одредени апликации и функции нема да работат во целост ако потполно ги исклучите локациските сервиси

• Apple потенцира дека кога ќе го притиснете копчето за исклучување, Location Services ќе бидат оневозможени за сите апликации, но вашите персонализирани локациски сервиси ќе бидат привремено вратени ако ја користите функцијата Find My iPhone за да го активирате Lost Mode за пронаоѓање на уредот преку локација

Кои апликации можат да ја видат вашата локација на iPhone?

Добар дел од мобилните апликации бараат пристап до вашата локација, некои за подобро да функционираат како што се Maps за навигација, но добар дел го користат пристапот за геолокациско утврдување на корисникот за пласирање на реклами или пак ограничување на одредени авторски содржини. Доколку сакате да видите кои апликации имаат пристап до вашата локација следете ги следните чекори:

• Во истото мени Settings > Privacy > Location Services скролајте надоли

• Ќе видите листа на Apple апликации и тие што се од други страни изработени

• Поединечно може секоја апликација да ја прилагодите

• Ќе добиете опција да дозволите пристап до локацијата „Никогаш“, „Прашај следниот пат“, „Додека ја користиш апликацијата“ или „Секогаш“

• Дополнително, можете да ја исклучите „Прецизната локација“ ако сакате да дадете дозвола на апликацијата, но таа да има пристап до помалку детали

Управување со услугите за локација со Find My Phone

• Во истото мени Settings > Privacy > Location Services стиснете на Share My Location опцијата

• Сега можете да го исклучите копчето до “Share My Location” што ќе спречи семејството и пријателите што ги гледате подолу да видат каде се наоѓате

• Исто така може да прилагодувате како Find My Phone работи со стискање на Find My Phone опцијата

Кој од контактите може да ја види вашата локација на iPhone со Find My Phone?

• Одете во Find My Phone апликацијата

• Одберете ги личностите на дното на менито

• Одберете Stop Sharing My Location

• Алтернативно, можете да го сторите истото преку Settings > Privacy > Location Services > Share My Location > Family/Friends

Кој може да ја види вашата локација на iPhone од апликации од други страни?

• Ако ја споделувате вашата локација со други апликации, тоа нема да се појави во вашите главни поставки за iOS

• Вратете се на Settings> Privacy> Услуги за локација за да разгледате кои апликации имаат пристап до локацијата

• Ако не сте сигурни дали апликацијата има пристап, може да ги вратите сите назад на ниво „Прашај следен пат“ или „Никогаш“

• Заеднички апликации од трети страни кои ќе имаат пристап до локацијата до вашиот iPhone вклучуваат, Google Maps, Facebook, Instagram, други апликации за социјални медиуми, Uber / Lyft, други апликации за патувања, фитнес, шопинг и итн.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар