Дали за PlayStation 5 ќе ви треба и нов телевизор?

Објавено на 25.12.2020 19:52 во Рецензија


Дали за PlayStation 5 ќе ви треба и нов телевизор?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

PlayStation 5 е најпосакуваниот гаџет за време на празничната сезона и количините се целосно исцрпени, па така гејмерите со нетрпение очекуваат нови пратки за да може да ги уживаат сите новитети кои ги понуди јапонскиот бренд со акцент на самата заедница на играчи. Интересот за PlayStation 5 не е случаен бидејќи како конзола од новата генерација со себе носи голем број на хардверски подобрувања, од кои главни се супер брз SSD диск за молневито „лоадирање“ на игрите, како и импресивни графички перформанси со поддршка за 4K HD резолуција, HDR слика и 120 fps за неверојатно флуиден гејмплеј.

Што нуди 4K HD резолуцијата?

Е сега, се поставува прашањето дали сите бенефити кои ги носи PlayStation 5 значи дека ви е потребен и најмодерен и поскап телевизор за вашиот дом? Едноставниот одговор на ова прашање е ДА. Доколку поседувате last gen смарт телевизор со поддршка за Full HD слика од само 1080p тогаш нема во целост да ги забележите сите промени кои PlayStation 5 ги носи со 4K HD резолуцијата.

Имено, 4K HD гејмингот не е уникатно нов за PlayStation 5 бидејќи пред него и минимално подобрениот PlayStation 4 Pro исто така овозможува поддршка за видео игри изработени во 4K HD резолуција преку Blue ray дисковите и дигиталните копии преку Sony PlayStation Store.

4K HD форматот треба што побрзо да се прифати бидејќи големите брендови веќе лансираа и 8K HD телевизори кои можеби засега се многу скапи, но сигурно тоа е правецот на развој. Затоа и користење на видео игри преку PlayStation 5 со 4K HD резолуција е следниот логичен чекор. Треба да се напомене и дека 4K HD не е задолжителна за сите девелопери на видео игри, па така можеби во овој момент на корисникот и не му е веднаш потребен нов телевизор со ваков вид на поддршка.

Врвен гејминг со 120fps

Ако самата резолуција не е доволна или единствена причина за надградба на ТВ сетот, тогаш следните категории прават прилично силен аргумент зошто е потребна таков вид на инвестиција. Многу поклучно за гејмерите е самото искуство со играта, со нејзиниот гејмплеј и механики. „Мазната“ слика надополнета со екстремно брзи „рендери“, брзо отворање на содржината и рекордно брзото време на реакција (responsivity) може значително да го смени вашето мислење.

Тука се мисли пред се на приказот на содржините во најосновна верзија од 60 кадри во секунда или двојно повеќе од тоа што го нудеше PlayStation 4. Ова само по себе е огромен скок, но јапонскиот бренд не застанал тука бидејќи има хардверски и софтверски потенцијал за „возење“ на видео игрите и со импресивни 120 подвижни слики во секунда (frames per second). Овој формат веќе нашироко се прифаќа во гејминг индустријата за PC насловите, како и во мобилната индустрија со премиум смартфони како Samsung Galaxy S20.

Каков „хардвер“ му треба на идеалниот телевизор?

Ако одиме чекор понапред во теорија PlayStation 5 ќе нуди и поддршка за 8K HD резолуција со неверојатни 60fps односно двојно повеќе од стандардните 30 фрејма на претходната генерација на конзолата за видео игри и тоа при лимитирана резолуција од 1080p. Сепак, сега за сега се уште нема најавено ниту една игра која ќе биде прикажана во 8K HD резолуција. Тоа што ќе ви биде од корист ако веќе имате или сте решени да купите телевизор за ваква поддршка е што преку HDMI 2.1 кабелот ќе може на вашиот PlayStation 5 да префрлате слики и видеа во 8K HD резолуција.

Тоа значи дека за поддршка на сите наведени претходни функции вашиот телевизор ќе мора да обезбеди HDMI 2.1 влез за кабелот на PlayStation 5. Секако, ова по автоматизам не значи дека треба да купите нов телевизор со поддршка за HDMI 2.1 бидејќи ако имате телевизор со HDMI 2.0 истиот кабел ќе биде компатибилен, но за во иднина ако одите во шопинг за најновата технологија внимавајте да купите телевизор со соодветните влезови и видео поддршка, како за игрите на PlayStation 5 така и за други содржини или стриминг.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар