Мораме да го промениме пристапот кон коронавирусот

Објавено на 29.12.2020 11:38 во Рецензија


Мораме да го промениме пристапот кон коронавирусот

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Решавање на проблемот со глобалното затоплување;
- Превенција од понатамошно ширење на вируси;

 

Negatives:



Целата рецензија

На светот му е потребен нов пристап во спречувањето на идните пандемии, кои може да убијат милиони луѓе, пишува во извештајот на Меѓувладината научно-политичка платформа за биоразновидност и услуги на екосистемот (IPBES).

Контактот меѓу луѓето, дивите животни и домашните животни мора да се намалат за да се намали и ризикот од преминувањето на бактериите и вирусот од животните на луѓето. Сите што живеат близу до животни и во областите на висок ризик, мора да им се обезбеди редовна здравствена заштита. На тој начин ќе се спречи избивање на епидемија од болести пред да добијат прилика уште повеќе да се прошират.

Авторите на извештаите предупредуваат дека е потребно да се заземе заеднички пристап со цел да се превенира пандемијата и да се претвори во вообичаена појава низ цел свет. Повеќекратното е поевтино за да се спречи епидемијата, одошто да се сносат страшните последици. Затоа луѓето се повикуваат да престанат да навлегуваат во дивите територии и да конзумираат помалку месо, со оглед на тоа што месната индустрија го поттикнува контактот меѓу луѓето и новите патогени.

Без постоење на координиран глобален план во идните пандемии, ќе умрат уште повеќе луѓе, оти тие ќе бидат поопасни од COVID-19. Во извештајот е наведено дека актуелната пандемија до идното лето би можела да ја чини светската економија неверојатни 16 трилиони долари. Со превентивни мерки процесот би чинел годишно од 22-31 милијарда долари, со тоа што би се забранило трговија со дивите животни.

Сето тоа ќе придонесе и кон заштита на дивите животни, што пак ќе влијае позитивно кон глобалното затоплување. Голем бонус со сето ова е што ќе се реши проблемот со глобалното затоплување.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.