Како да го заштитите својот Gmail и профилот на Google

Објавено на 30.12.2020 07:30 во Рецензија


Како да го заштитите својот Gmail и профилот на Google

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Зголемена безбедност од хакерите;

 

Negatives:

- Полесно хакирање ако користите иста лозинка за сите сервиси;



Целата рецензија

Во блиско минато бевме сведоци како протекоа ифнормации со бројни кориснички имиња и лозинки, до кои дошле хакерите преку кибернетски напади. Безбедносните експерти предупредуваат дека мора внимателно да управуваме со нашите податоци на интернет, со цел да се заштитиме од евентуални хакерски напади.

Google Services имаат огромен број на корисници од цел свет: Gmail, Chrome, Maps, YouTube, Drive и друго. 

Првиот чекор што треба да го преземете е да ја погледнете опцијата за безбедносна проверка на вашиот профил на Google. Тука може да откриете дали го користите за пријава на други сервиси и страници со лозинка што е загрозена (односно дали во претходните хакерски напади е откриена од хакери). Истите лозинки не треба да ги користите за сите сервиси, најбезбедно е веднаш да ги промените.

Моќна лозинка и потврда во два чекора

Како да ја промените лозинката - многу знаци, мали и големи букви, цифри и различни знаци. Ако може да внесете и некаков израз што лесно ќе го запамтите, а хакерите нема лесно да го откријат, но може да го направите и сложен. Еве на пример: Читам1Вест!наТелефони-мк.

Се препорачува и користење на опција за потврда во два чекора. Тоа значи дека може да ставите посилна заштита на Google. Освен тоа што ќе ја внесете лозинката, ќе мора да го внесете и кодот што ќе ви биде испратен на вашиот смартфон. Одите на Google профилот, барате опција Security, па ја барате опцијата „потврда во два чекора“. Може да ја одберете и опцијата за употреба на својот телефон, така што после внесувањето на мејлот, на телефонот добивате известување што треба да се потврди.

Уште една опција за којашто треба да се води сметка е враќањето во својот профил во случај на некакви проблеми - на своите смартфони во апликацијата за Gmail, т.е. преку споменатата опција за безбедносна проверка на веб, задолжително пополнете ги податоците за пријава и опоравување. Ако дојде до проблеми, на пример, ако ја заборавите лозинката или некој ви влезе во профилот и ви ја промени лозинката, па веќе не можете да му пристапите на вашиот профил, ова е опцијата што ќе ви овозможи повторен пристап кон податоците и Gmail. Значи, тука може да го поставите својот телефонски број, email адресата, безбедносните прашања и уреди преку кои ќе можете да го вратите во Gmail во случај на проблематична ситуација.

Преку истата опција за безбедносна проверка може повремено да го проверите списокот на уреди со коишто сте се пријавиле, односно на коишто сте пријавени со својот Google профил.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.