Lenovo го претстави ThinkBook Plus Gen 2 со 2 дисплеја (LCD и E-Ink)

Објавено на 13.01.2021 19:49 во Рецензија


Lenovo го претстави ThinkBook Plus Gen 2 со 2 дисплеја (LCD и E-Ink)

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- E-ink;
- Два дисплеја, надворешен и внатрешен;
- Не пречи да читате комфортно е-книги;
- Моќни перформанси;
- Мал и компактен;

 

Negatives:

- Висока цена;



Целата рецензија

2020 година енормно се зголеми побарувачката за лаптопи поради коронакризата и промената во работните навики. Минатата година порасна побарувачката за персонални компјутери, а како што се очекува, дел од вработените и оваа година ќе ја поминат во своите домови.

Така, побарувачката за компјутери и понатаму ќе расте. На CES саемот за потрошувачка електроника беше претставен Lenovo ThinkBook Plus Gen 2 i. Тој е наследникот на минатогодишниот модел, што сега е специфичен според својата структура заради двата екрана. Има класичен екран и дополнителен, сместен на надворешниот дел од куќиштето. 

Интересно е тоа што не станува збор за LCD екран, туку за e-ink екран. Тој тип на екран се користи кај читачите на e-книги, на кои им е многу удобно за читање, без напрегање на видот, како што е случајот со таблетите и телефоните поради сината светлина. Дијагоналата на надворешниот екран изнесува 12 инчи, со резолуција од 2560x1600 пиксели, а во споредба со екранот од минатогодишниот модел, подобрени се перформансите, фреквенцијата на освежување, како и редизајнираниот кориснички интерфејс, кој овозможува „интуитивен пристап кон најкористените информации“. 

На екранот може и да се пишува, како и да се стартуваат апликации за Windows 10, при што најважните апликации може да се лансираат од надворешниот екран, без потреба од отварање на лаптопот. Дијагоналата на класичниот екран изнесува 13,3 инчи со истата резолуција од 2560x1600 пиксели, при што екранот е чувствителен на допир. Под хауба ги има најновите генерации на Intel Core процесори и најмоќната конфигурација доаѓа со Core i7 процесор, 16GB RAM + 1TB SSD диск. ThinkBook Plus Gen 2 i има моќна батерија што може да издржи до 15 часа ако се користи само класичниот LCD, но ако го користите и надворешниот e-Ink екран, може да издржи и до 24 часа.

Цената на ваков компјутер не можеме да очекуваме дека би била како оние на класичните лаптопи. Дефинитивно е поскап, се разбира, почетната цена изнесува 1.549 долари, кој на пазарот на САД излегува во првото тримесечје од годината. Се уште останува непознато за европскиот пазар.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.