Кои податоци ќе мора да му ги овозможите на WhatsApp?

Објавено на 17.01.2021 17:24 во Рецензија


Кои податоци ќе мора да му ги овозможите на WhatsApp?

Оцени

usability
0.0


Перформанси
0.0


Цена
0.0


Камера
0.0


резултат
0.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија
Популарната апликација за заштитена комуникација WhatsApp како дел од групацијата на Марк Цукерберг ќе ги принуди своите корисници да ги споделуваат нивните податоци со Facebook. По острите реакции и загриженоста дека ќе биде нарушена приватноста и дека ќе има бројни злоупотреби многу од корисниците на WhatsApp веќе се префрлаат на други платформи како Signal и Telegram. 
 
Од WhatsApp влегоа во целосна контрола на направената штета, на пример во Индија каде изгубија десетина милиони корисници закупија огласи на насловните страни на сите весници во кои пишува дека податоците на корисниците ќе бидат безбедни. 
 
 
Според промените во политиката на користење кои се одложени за наредниот период се открива кои податоци ќе биде побарано од корисниците да ги споделуваат со Facebook. Меѓу нив спаѓаат следните:
 
- Телефонски број
- ID на уредот
- Локација
- Податоци за трансакции
- Интеракција на производот
- Кориснички идентификатори
 
Ова се сите податоци кои корисниците ќе мора да ги споделуваат со Facebook како компанија која ја поседува WhatsApp. Да потсетиме Цукерберг вложи 16 милијарди долари за да ја преземе WhatsApp под негова контрола и беше извесно кога ќе започне планот за монетизација. 
 
Од WhatsApp објаснуваат дека собирањето на овие податоци ќе се однесува само на корисниците кои се во интеракција со бизнис профили на платформата. Засега на WhatsApp се активни околу 50 милиони комерцијални кориснички сметки кои може да се допишуваат со корисници и да им испраќаат реклами или понуди.
 
WhatsApp нема пристап до кој било од следниве идентификатори на податоци:
 
- Приватни разговори
- Приватни телефонски повици
- Дневници за пораки или повици
- Контакт информации
- Заедничка локација
- Информации за групите на WhatsApp
 
WhatsApp останува на тврдењето дека сите разговори и пораки се целосно заштитени и дека нема никој пристап до нив, ниту тие ниту од Facebook. 
 
Во суштина политиката на WhatsApp ќе овозможи подобро таргетирање од страна на бизнисите во комуникацијата со корисниците, но проблемот е што Facebook досега неколку пати ја изневери довербата на корисници со пробив и злоупотреба на податоците.
Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар